Фризерите би сакале и вие да го знаете ова за вашата коса и фризурите

Понекогаш жените имаат погрешна перцепција за работата на нивниот фризер. Иако цените понекогаш ни изгледаат претерани, и ние често сме незадоволни од изгледот откако ќе го нашуштиме фризерскиот салон, фризерите би сакале да ги знаете следниве работи.

Тенката коса не мора да биде мазна
Жените со тенка коса обично имаат многу кратки фризури затоа што сметаат дека така мора, но тоа не е точно. Нема причина да не ја пуштите косата малку подолга и да не направите, на пример, елеганетн боб.

Косата не смее да се пегла и да се навиткува додека е мокра
Пред да посегнете за исправувач (пегла) или виткач за коса, потребно е целосно да ја исушите косата. Ако го направите ова на влажна коса, сите места каде косата останала полу-влажна или влажна, лесно се оштетуваат.

Друга боја
Некои фризери, кога не знаат или не запишале, точно каква боја користел клиентот минатиот пат, си молчат и мешаат нијанси што им изгледаат најслични на веќе постоечката боја на коса. Логиката е дека клиентот ќе се жали помалку, или воопшто нема да се жали, ако смета дека ја добил истата боја од истиот производител.

Валкана коса за подобра фризура
Иако е вистина дека не е добро да се мие косата пред да се шишате, тоа не значи дека вашата коса треба да биде мрсна или валкана. Најдобро е да ја измиете косата претходниот ден. Исто така, не треба да ставате никакви производи на вашата коса, така што фризерот може да ја среди фризурата и да ја поправи со своите производи.

Фризерите знаат зошто барате да ја скратите долгата коса многу кратко
Добро познат совет за деца со вошки е да ја истрижат косата, но тоа не значи дека е добар совет. Фризерите многу добро знаат кога мајката ги замолува да ја исечат косата на својата ќерка и од долга да направат боб фризура. И веројатно, фризерот ќе го одбие ова ваше барање. Проблемот може да се реши и на друг начин, со шампон, а не со драстично потсртижување.

Фризерите поинаку ја мијат косата
Сите луѓе ја мијат косата дома, па обично миењето на косата за одредена цена во фризерски салон секогаш изгледа претерано. Но, дома ретко ќе ја миете косата толку темелно и двапати, плус ретко ќе ја нанесете вистинската маска и вистинскиот регенератот во поголема доза. Покрај тоа, честопати ќе добиете и пријатна масажа на скалпот.

Фризерот разубавува, но тој не е волшебник
Фризерот може да ви направи фризура како на некоја позната жена, но тој не може да ви го даде нејзиното лице и карактер, па не е ни чудо што дури и со идентична фризура со онаа што ја посакувате, жените често излегуваат незадоволни од салонот. Подобро е да ги слушате советите на фризерот и да направите фризура според обликот на вашето лице, густината на косата, односно фризура дизајнирана специјално за вас.

Одложувањето на термин е непристојно
Клиентите треба да имаат почит кон времето на фризерот и закажаниот термин. Задоцнување од пет минути се толерира, но и тоа ситно задоцнување може да го смени дневниот распоред на фризерот, како верижна реакција, пет по пет минути и последниот клиент да го чека своето време и до 30 минути по закажаниот термин. Следниот пат, може последен клиент да биете баш вие. Затоа, подобро е да пристигнете пет минути порано во салонот, отколку пет минути да доцните.

Не барајте да ве „вметнат“
Ова најчесто го прават мажите кои „само ќе се потстрижат“ и тие обично велат дека можат да дојдат за неколку минути. На овој начин го ставате фризерот во непријатна ситуација дека тој или треба да брза со клиентот кој веќе закажал термин, или да ве одбие и да ризикува да го изгуби клиентот.

Фризерот не е психолог
Секогаш можете да разговарате со вашиот фризер за секојдневни теми и тие честопати ќе ви дадат свое мислење за да се чувствувате пријатно и да се забавувате. Но, тоа не значи дека вашиот фризер е психолог. За работите кои се лични и кои ве мачат, подобро е да разговарате со вашите блиски пријатели, роднини или со психолог.

Со позрелата возраст подобро е да се прават степени 
Линиите на лицето кај постарите жени стануваат поостри, а фризурите во кои целата коса е исечена на иста должина само ќе го зголемат впечатокот за возраста. Со текот на годините, добро е да се прават сè повеќе слоевити фризури, степенести потсрижувања, кои ќе му дадат мек изглед на лицето.

Телото и косата се менуваат под влијание на хормоните
Ако вашата коса е сува, безоблична или кршлива или ако бојата што ја користите со години веќе не ви одговара, посетете лекар. Освен ако не ја боите косата често во последно време и не ја третирате со разни силни препарати, состојбата на вашата коса е резултат на хормонални промени – можеби сте бремени или влегувате во менопауза.

Само поткастрување
Дури и најобичното израмнување на косата или сечењето на врвчињата никогаш не е само поткастрење. Вклучува знаење, искуство и време на фризерот.

Исто како и минатиот пат…
Честопати луѓето знаат да му кажат на својот фризер дека сакаат иста фризура како и минатиот пат, а потоа не го добиваат она што го мислеле. Проблемот е во тоа што фризерите имаат многу клиенти и честопати се случува да не се сеќаваат каква фризура направиле за вас тој последен пат. За да бидете сигурни дека ќе го добиете она што го сакате, веднаш штом направите фризура, фотографирајте се за да можете да му покажете на фризерот точно што сакате следниот пат.

x

Check Also

Маски за лице против мозолчиња направени во домашната кујна

Моркови: Богати се со витамин А, морковите се одлични за намалување на ...