Фризурата кажува многу за вашата интелигенција

Една неодамнешна студија покажа дека должината на вашата коса влијае на перцепцијата на другите за тоа колку сте интелигентни, а во согласност со тоа колку е косата пократка толку повеќе другите ве гледаат за попаметни.

 kratka kosa 2

Според неодамнешното истражување на Универзитетот Јеил, фризурата на жената има големо влијание на перцепцијата на луѓето, па кратката коса претставувала синоним за интелигенција.

Авторката на студијата, Мариен ла Франс на своите испитаници им покажала пет посебни фотографии на една иста жена, со тоа што на секоја фотографија жената имала различна фризура, од најдолга коса до ќелава глава.

Испитаниците секоја од овие фотографии  морале да ја оценат одделно во неколку категории, односно морале со бројка да дадат своја оценка за интелигенцијата, здравјето и дарежливоста на таа личност.

Резултатите покажаа дека традиционалната женска фризура со долга коса во очите на останатите асоцира на најмалку интелигентна жена. Со други зборови колку жената била поженствена во очите на набљудувачите таа била и поглупава. Жените со кратка коса оставале впечаток на попаметни.

x

Check Also

Грејс Елизабет е лице во новата кампања на Estee Lauder

Новиот ангел на Викторија сикрет, Грејс Елизабет, е главно лице во рекламната ...