Фронтменот на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“ во Скопје

Утревечер, со почеток во 21 часот, во ноќниот клуб Станица 26, за првпат во Скопје ќе настапи култната музичка фигура Grandmaster Flash, некогашниот фронтмен на историскиот хип хоп бенд „Grandmaster Flash and the Furious Five“.

Двочасовниот диџеј настап во Скопје е дел од неговата голема турнеја „Hip-Hop: People, Places and Things“. Она што ќе го видиме е своевиден музички времеплов и едукативен час за се она што значи хип хоп од 70те години, па се до денес. Настапот е во организација на 3Гонга во соработка со SureShotz Entertainment. Како локална поддршка ќе настапат Shorty P & Irie Scratch.

Првин освојте го вашето непосредно опкружување, вашето маало, потоа освојте го својот град и дури потоа целиот свет. Ова е мојата мантра. Иако егзистирам на хип хоп сцената уште од 70те години и како артист и како диџеј, сепак, не сакам да ме класифицираат како old – skool DJ или како new – skool DJ. Би сакал да ме класифицираат како all – skool DJ кој свири се“, вели Grandmaster Flash (Joseph Saddler).

Хип хоп легендата Joseph Saddler е некогашниот фронтмен на култните „Grandmaster Flash and the Furious Five“. Овој историски хип хоп бенд има издадено два култни албуми „The Message“ во 1982 година и „On the Strength“ во 1988 година. Синглот „The Message“ е се уште еден од најдобрите на сите времиња, како и фактот дека се првата hip-hop група која станала член на „Rock & Roll Hall of Fame“.

Grandmaster Flash ги има креирано некои од техниките кои и денес се стандарден дел од диџеј науката (Backspin Technique, Punch Phrasing и Scratching). Во последнава декада тој издаде еден мемоар, започна свое радио шоу, ја доби “BET I am Hip-Hop Icon” наградата, се појави на видео игра, а неговиот лик е дел од Netflix серијалот “The Get Down”. Човекот кој го сметаат за главен „виновник“ што денес грамофонот е музички инструмент, во моментов работи на својот 12ти студиски албум.

Grandmaster Flash од неодамна е добитник на Polar Music Prize наградата за 2019 година. Оваа музичка награда се смета за еквивалент на Нобеловата награда, и се доделува во Шведска. Во предходните години ја имаат добиено, Боб Дилан, Пол Макартни, Џони Мичел, Стинг, Пети Смит, Чак Бери, Кронос Квартет, Бјорк, Енио Мориконе, Пинк Флојд… На доделувањето беше најавен како еден од главните „виновници“ за креирањето на hip-hop звукот.

Влезниците можат да се набават преку продажната мрежа на kupikartizase.com и www.karti.com.mk.

 

x

Check Also

Формирана е Балканска винска мрежа

Со потпишување на меморандум за соработка, вчера во Скопје официјално е формирана ...