Фросина FRAN Ангеловска зборува за мејкап трендовите за оваа сезона

Страст која заведува со поглед, страст која ја следи линијата на насмевката, страст која создава бои кои ниту палетата не ги препознава, една поинаква „мејк – ап“ авантура која е само една нишка од убавината која се „крие“ во студиото FRAN создадена од Фросина Ангеловска, дамата која ја разголува убавината и страста во секоја дама.

Какво e чувството кога некој ќе ви ја довери убавината ?

На почетокот на мојата кариера го доживував по малку застрашувачки, како еден вид на тест-предизвик. Сега после толку години работа, знам дека штом се одлучиле да не одберат токму нас, им се допаѓа нашата работа и се чувтвувам посигурна. Како и да е тоа не го менува фактот дека штом им го подадам огледалото сум еднакво возбудена за тоа каква ќе биде нивната реакција исто колку што сум била и пред 10 години … А какво е чувството кога ќе ја видам нивната позитивна насмевка и коментар, не може да се опише со зборови…. , вели Фросина Фран.

Посебен ден, лице полно со убавина која треба да се истакне. Како започнува една сликарска „мејк ап“, приказна насликана на најубавото платно на светот – лицето на една жена?

Во 3 стартни чекори – 1.Кецелка… 2.Како би сакале да изгледате? 3.База … и понатаму не знам, само си извира од мене.

Сјајни или мат усни, зачадени и таинствени или разиграни и колоритни очи, контурирање во строги линии или „но мејк ап – мејк ап“ изглед и румени детски образи. Сложете ја сложувалката по правилата или сложете ја по ваши правила и предлози кога „Мејк – ап“ уметноста е во прашање за ова лето?

1.Колоритни очи во една акцент боја (сенка на целиот капак или ајлајнер во боја) со сјајни „nude“ усни и свежо нежно руменило.
2. Зачадени очи во металик бронзени, „charcoal“ сиви или мрсна црна боја овојпат со мат усни во светла боја, ладно кафена контура, по неутрално руменило и бронзер.
3.Целосно “no makeup – makeup” лице со изразен highlighter и впечатлив кармин во некоја неонска нијанса.

Цитрусни тонови, бојата на црешите и малините или нежни праска за усните, кој е вашиот избор за сезонава ?


– Јас лично во секојдневието сум прилично отворена за експерименти со бојата за усни. Иако изборот најчесто ми е помеѓу потемна месо боја, црвен-црвен , бордо или темно виолетов, има и денови кога гардеробата ме инспирира за нешто похрабро или „пооткачено“. На толку козметика и избор во студиото, кога работата и секојдневието ви се тие, кој не би испробал се?, вели Фросина.

 

Боја на коса, боја на кармин, боја на сенки според тенот на кожата…,кои се правилата? Кои бои најубаво прилегаат според тенот?

Правила има многу, но јас би издвоила само неколку очигледни: Светли очи најдобро се истакнуваат со топли тонови (се што има портокалов и црвен под тон е идеално за сите сини и зелени очи). Бојата на косата пак, треба да биде во согласност со тенот и со очите, а најмногу од се со карактерот на личноста. Тука најмогу се прекршуваат правилата, ако воопшто ги има.

 

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...