Фудбалското лудило го зафати и модниот свет

Се одбројуваат деновите до почетокот на фудбалското првенство, а бидејќи фудбалот е најважна споредна работа на светот за мажите, лесно се здружи со најважната споредна работа на светот, следење на модните трендови за жените.

v 123

Познато е дека манекенките ги сакаат фудбалерите, и обратно. Па беше лесно фудбалското лудило да навлезе во модниот свет. Две насловни страници на Вог за месецот јуни се посветени на врската манекенка и фудбалер.

На шпанското издание на Вог насловната страница им припадна на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо и неговата поубава половина Ирина Шаик.

v234

На насловната страница пак на Вог на земјата домаќин на светското првенство се најдоа Жизел Бундхен и суперзгодниот бразилски репрезентативец Нејмар. Не се во врска, но се достојни претставници на својата земја.

x

Check Also

Триото „Тојлетпејпер“ се врати со нови гротескни модни фотографии

Фотографите Маурицио Кателан и Пјерпаоло Ферари и уметничкиот директор Мико кои го ...