Фустани со цветен принт од есенската колекција на H&M

Шведската модна марка H&M ни предлага да продолжиме да носиме цветови и во тмурната годишна сезона.

И на наше задоволство, во новата колекција на H&M, дизајнирана за есенските денови, најдовме фустани со макси должина, долги ракави и цветен принт.

За „кежуал“ прилика, едвај чекаме да ги комбинираме со кожена јакна и ниски чизмички, а за деловна атмосфера или вечерни излегувања – ги носиме со сако во неутрална нијанса.

Еве го нашиот избор на најубавите 5 модели – три од нив во светли, ведри, пастелни бои, а останатите два фустана за оние кои ги сакаат на есен потемните нијанси.

x

Check Also

Павле Камилоски се здоби со признанието „Амбасадор на италијанската музика за 2019 година“

Извонредниот баритон, Павле Камилоски со својот музички талент и уметнички квалитет заради ...