Фустаните со точки од MANGO – наши фаворити за пролет/лето 2019

Неодоливи, шармантни и впечатливи – точките се принт кој го обожуваме и на кој од сезона во сезона му се навраќаме, особено во потоплите денови.

По зимскиот период во кој доминираа карираните материјали, време е да се подновиме со фустанче со точкаст принт.

Историјата на точкастите материјали датира од 30-те години кога фустаните со ваквиот принт биле наменети за девојките со отворен и авантуристички дух, односно веселите девојки кои сакаат да танцуваат и кои едноставно зрачат со добро расположение. Таа позитивна енергија која се одрзаувала преку точкастиот принт се задржила до денес, па не чуди фактот дека за многумина прва асоцијација за точкастиот принт е разиграноста, радоста и детскиот дух.

Понудата во „хај стрит“ продавниците на фустани со точкаст принт е разновидна и нема сомневање дека нема да пронајдете нешто според вашиот вкус.

Сепак, ние се задржуваме на точкастите фустани од колекцијата пролет/лето 2019 на Манго, кои едноставно освојуваат „од прва“.

Во продолжение, погледнете го нашиот избор на точкасти фустани од Манго, достапни во продажба.

x

Check Also

Папаз во Сараево пречекан со голем аплауз за модната ревија од лимитираната колекција Три

Македонскиот моден дизајнер Папаз предизвика големо внимание во Сараево со неговата луксузна ...