Фустанот на Опра за кралската свадба бил дијазниран преку ноќ, еве зошто

Да се одбере фустан за свадба која е најавена како настан на годината, не е лесна работа, туку прилично стресна, а Опра Опра Винфри ја променила својата одлука за тоа што ќе облече на свадбата на Хари Меган, во последен момент.

Опра планирала да носи беж фустан за големиот ден, кој веќе бил нарачан два месеци пред кралската свадба. Но, таа го променила мислењето еден ден пред свадбата. Причина за тоа била што Опра, а најмногу нејзиниот тим од советници, се загрижиле дека беж-ткаенината на фотографиите ќе изгледа многу светло, речиси како бела нијанса. Свесни дека на кралската свадба не треба гостите да бидат облечени во бело, туку само невестата, одлуката за промена на гардеробата била дефинитивна. Проблемите настанале кога никој од дизајнерите со кои Опра вообичаено соработувала, не сакал да се нафати на предизвикот да создаде креација преку ноќ. Освен, Стела Макартни.

Стела Макартни ја дизајнирала новата креација на Опра Винфри во рок од околу осум часа од нарачка до испорака. Овојпат, дизајнот бил во убава и непогрешлива мека розова боја.

„Сакам да се заблагодарам на тимот на Стела Мекартни кои работеше цела ноќ за да го завршат фустанот“, напишала Опра на својот Инстаграм профил. Таа додава и дека промената на одлуката за облеката се случила во петок утрото,  на околу 20 часа пред кралската свадба и дека било речиси неверојатно да се најде добар дизајнер кој ќе ја поправи оваа грешка. Доколку грешката не била средена, постоела веројатност Опра да не присуствува на свадбата поради недостаток од соодветна тоалета.

Инаку, одбрани камери и фотографи ја снимаат целата кралска свадба, а не е прв случај на ваквите свадби, облеката на гостите да предизвика реакции во јавноста поради изборот на бела гардероба. Овојпат тие критики ги доби Кејт Мидлтон поради изборот на фустан во бела нијанса. Но, во реалност, Кејт не носела бел фустан (како што се гледа на фотографиите и на видеото) туку тој бил во бледо-жолта нијанса. Слични критики за избор на бела креација, која всушност  „во живо“ и не била бела,  доби и сестрата на Кејт Мидлтон за време на кралската свадба на Кејт и принцот Вилијам. Имено, Пипа Мидлтон, во 2011 година, носела креација во многу светла розова боја, која на фотографиите изгледаше бела, како венчаница.

x

Check Also

Топ моделот Елза Хоск ќе го носи градникот на фантазиите (ФОТО)

Спектакуларното шоу на „Викторија сикрет“ ќе се одржи на 8 ноември, а ...