Ин- футуристички костими за капење дизајнирани од Заха Хадид

Архитектот Заха Хадид, добитничката на престижната Пицкерова награда, во партнерство со Вивиона, дизајнираше костими за капење.

kostim 2

Костимите за капење се инспирирани од архитектурата на Заха Хадид, изгледаат на микро објекти, со геометриски дизајни и футуристичка елеганција.

kostim 3

Сите имаат заедничка карактеристика – „моќни, кривулести форми на издолжената структура“.

kostim 5

Инаку, компанијата Вивиона е позната по своите фантастични футуристички дизајни на чевли, чанти и облека, а ова е првпат да се здружи со архитект кој е во улога на моден креатор. Идејата на соработката била да се претстави, преку креациите, надреалната вселена, а со тоа и обичните костими за капење да добијат друга димензија.

kostim 5

За Заха Хадид пак, ова не е прва авантура во модната индустрија. До сега има соработувано со Сваровски, Шанел, Луј Витон, Лакост, Мелиса и Јунајтид нуд.

 

 

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...