Футуристички-викторијански накит: Силиконска чипка за заведување

„Не сакам да направам жените да изгледаат убави и безопасни. Жените треба да бидат секси, посакувани и комплицирани. Сакам да им дадам оружје”, вели француската дизајнерка на накит Анелис Мичелсон. И навистина успева да им го даде тоа оружје со својот храбар накит.

cipka 8

Лимитираната есенска колекција на накит изработен од силиконска чипка на француската авангардна дизајнерка Анелис Мичелсон заслужено го доби вниманието. Очигледно дизајнерката добро се заиграла со два света, оној кој припаѓа на иднината и оној извлечен од минатото. Силиконската чипка изгледа футуристички, а сепак инспирацијата е земена од викторијаскиот стил.

cipka 3

Секое парче накит од колекцијата е уникатно, а со бројните различни дизајни Анелис допира до секој вкус, до секоја личност.

Нас не освои „од прва“.

x

Check Also

Накит за на плажа 2015: Никогаш доволно од него!

Модните додатоци како чантата за плажа, шеширот и марамата не се единствени ...