Галери Лафает украсена со огромна елка од Своч и сцени од Убавицата и ѕверот

Париската прочуена Галери Лафает, една од најимпресивните стоковни куќи во светот, деновиве е срцето на европската шопинг манија. Празничната атмосфера заведува да ја оставите и последната паричка, а сепак да си заминете еуфорично-задоволни.  

Огромната елка сместена во холот годинава е декорирана од Своч во чест на 30-годишниот јубилеј на швајцарскиот произведувач на часовници.

lafajet 4

lafajet 5

lafajet 2

Своч се погрижи и за декорација на излозите. Не заборавајќи на децата кои најмногу се радуваат на празниците, понуди фантазија инспирирана од приказните.

lafajet 8

Излозите се декореирани со пет сцени од приказната Убавицата и ѕверот.

lafajet 7

На петтиот кат децата и родителите имаат еклсклузивна привилегија пет минути да уживаат во новиот филм Убавицата и ѕверот со Венсан Касел и Леа Сејди, а кино-премиерата на филмот е закажана за 12 февруари 2014 година.

lafajet 6

lafajet 3

На 8 кат пак, како празнична јаготка над шлагот, е отворен чоколадниот бар Хевин Пол.

M.Б.

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...