Пита со брокула и тиква

Гастрономското мени на државниците

Деновиве Милано е домаќин на најголемиот меѓународен самит АСЕМ, кој донесе во овој град десетици дипломатски делегации, шефови на држави и влади, за да дискутираат на темата „Одговорно партнерство за одржлив раст и безбедност.”

Малталјати со морски плодови

Малталјати со морски плодови

Ова е десетта средба меѓу Азија и Европа, на која учествуваат претставници на 27 од 28 членки на ЕУ (сите освен Хрватска), како и од Австралија, Бангладеш, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индија, Индонезија , Јапонија, Јужна Кореја, Лаос, Малезија, Монголија, Мјанмар, Нов Зеланд, Норвешка, Пакистан, Филипини, Русија, Сингапур, Швајцарија, Тајланд и Виетнам.

Сепак, не се случува се само на работните маси. Неофицијалните разговори продолжуваат на гала-вечери. Една од нив беше импресивната вечера организирана во „Палацо Реале“, во исклучителен амбиент и специјалитети приговени до совршенство.

Сите специјалитети беа направени од сезонски состојки, а инспирирани од италијанската традиционална кујна.

За предјадење, Малталјати со риба и артичок (тестенини типични за регионот Емилиа-Ромања).

Печени домати со морски плодови

Печени домати со морски плодови

Потоа следуваше специјалитетот од риба и морски плодови со печени домати , по него – пита со брокула и тиква.

компири во фурна

компири во фурна

Четвртиот специјалитет вклучуваше компири подготвени во фурна и сезонски зеленчук подготвен на скара.

зеленчук на скара

зеленчук на скара

За десерт – чоколадна торта.

meni 6

Со секој специјалитет се служеше карактеристично врвно италијанско вино, почнувајќи од најлуксузните пенливи вина преку врвни бели и црни вина, до десертното слатко вино.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...