Гејшите користеле Маитаке за витка става, сега Маитаке-МРЛ е достапен во Македонија

Маитаке е лековита габа која е многу популарна во Јапонија и конзистентно ја користат поради доминантните бета-глукани, а претставува и природен извор на минерали и витамини (калиум, калциум, магнезиум, Б2, Б5, Д2), влакна, аминокиселини и ензими. Маитаке е и јадлива печурка со првокласен квалитет. Многу е вкусна, има прекрасна арома и крцкав состав, што е прекрасен додаток на мени. Маитаке може да порасне до огромна големина и да тежи и до 22 кг. Затоа оваа џиновска печурка се нарекува Крал на печурките. Маитаке била толку ретка печурка што ја разменувале со иста тежина за сребро, а нејзините наоѓалишта ги оставале во тестамент.

Маитаке отсекогаш била популарна во Јапонија и за намалување на телесната тежина. И гејшите ја користеле, со цел да ја зачуваат својата става, според т.н. уметност Yamakiro. Оваа вештина ги подучувала како да останат витки (бидејќи секоја гејша морала да јаде од секоја порција од богатото мени на гостинот, но не смеела да се здебели). Затоа, во козметичката кутија, секоја гејша си носела и по три епрувети со печурки за системот на губење тежина: Маитаке, Шиитаке и Реиши. За да не се изгуби енергијата при губење на тежината, додавале и Кордицепс.

Потврда за ова има и во клиничките испитувања, спроведени многу подоцна. Клиниката Косеикаи во Токио правеше испитување со 32 гојазни лица, кои примаа по 10 гр. прашок во тек на 2 месеца. Без промена во исхраната, сите лица ја намалија тежината во просек од 5-6кг. Една причина за намалување на тежината е што Маитаке го намалува апетитот, но губењето тежина често значи и намалување на енергија и сила. За да се намалат овие проблеми и да се подобри ефикасноста, се направи комбинација на ефективни контролори на апетитот со габа, позната по тоа што дава енергија, Кордицепс синенсис.

Научници од Женскиот универзитет Мукогава, Нишихомија, Јапонија, го испитуваа ефектот на Маитаке врз клетката C3H10T1/2B2C1. Оваа клетка е нормална во повеќе аспекти, но има потенцијал да се надуе и да се претвори во адипоцит, вид на масна клетка. Може да се каже дека овие клетки имаат потенцијал да станат гојазни клетки. Затоа, набљудувањето на овој вид на клетка е корисно за да се одреди како супстанците влијаат врз намалувањето и покачувањето на телесната тежина. Резултатот од овој експеримент покажа дека Маитаке ја спречува конверзијата на нормалните C3H10T1/2B2C1 клетки во адипоцити.

Ви препорачуваме комбинација од Маитаке-МРЛ и Тритон-МРЛ (единствена комбинација од три тоници: Реиши, Кордицепс и Шиитаке).

Маитаке -МРЛ и Тритон-МРЛ се достапни во онлајн продажба преку е-продавницата (www.myconutri.mk), во аптеките на Еурофарм, Виола и други аптеки низ цела Македонија.

 

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Нова промена на времето, внимавајте на раздразливоста!

Нова промена на времето! По прилично студената недела среде пролет, конечно ќе ...