Марина Абрамовиќ, МоМА, Њујорк, 2010, фото C-Monster, via Flickr

„Генератор“ на Марина Абрамовиќ за њујоршката публика

Марина Абрамовиќ подготвува нова изложба и перформанс во њујоршката Галерија Шон Кели.

Новото шоу на Марина, насловено „Генератор“, ќе биде отворено на 24 октомври и тоа е прва самостoјна изложба која Марина ја прави во Њујорк после ретроспективата во Музејот на модерна уметност „Уметникот е присутен“, а воедно е и прв перформанс во Галерија Шон Кели уште од времето на славниот перформанс „Куќа со поглед на океанот“(„The House with the Ocean View“), 2003 година, во периодот кога уметницата дванаесет дена живееше на подигната платформа, без храна и во тишина.

Овојпат, Марина Абрамовиќ галеријата која со години ја застапува ќе ја претвори во зен простор на „исклучени сетила“. Таа сака да ги забави посетитетилите и да ги натера да се соочат со своето внатрешно битие. Во таа смисла, посетителите на влезот ќе мораат да ги остават сите електронски апарати, а ќе носат повез на очите и антифон слушалки. Ќе бидат донесени во галеријата, во која освен другите посетители, и тоа максимално 68 (колку што има и години Марина), нема да има ништо друго.

Од една страна, перформансот ќе биде во духот на оној изведен летово во Лондон „512 часа“, но од друга страна, Марина нема да биде присутна цело време во галеријата, но ненајавено ќе доаѓа секој ден во галеријата цели шест недели колку што ќе трае перформансот.

Перформансот во Галерија Шон Кели ќе трае од 24 октомври до 6 декември 2014 година.

avantartmagazin

x

Check Also

Колку сте склони кон зависност, според вашиот хороскопски знак?

Зависностите можат да бидат многу различни. Од зависноста за љубовник до физиолошки зависности, ...