GEOX машка колекција на обувки за есен/зима 2017

Технолошкиот напредок и современиот стил се спојуваат во новата колекција која се темели на вредноста на италијанскиот дизајн и квалитетното производство, GEOX патентот и квалитетот на избраните материјали. Философијата на „чевли кои дишат” и секојдневното убаво чувство пренесени во колекција обувки кои се соодветни за многу настани и кои со себе го носат совршениот баланс на удобност и мода, функционалност и софистицираност.

 

Во делот на формалното облекување, колекцијата нуди модели кои ја спојуваат класичната елеганција и трендовите. Тука се елегантните модели од квалитетна кожа, со врвки или со странично закопчување, незаменливиот ѓон кој дише и највисоките стандарди на зидржливост, флексибилност и леснотија.

Слични карактеристики се појавуваат и кај уште еден трендовски модел – брог чевлите и полувисоките чизми со заоблен врв и гумен ѓон, кои доаѓаат во црна и кафена боја со винтиџ елементи.

 Кај спортските обувки и оваа сезона највпечатлива е Nebula 4X4 B ABX линијата – симбол на постојаниот стремеж на GEOX за иновативност и технолошки напредок. Во зимската колекција, интегрирани се две напредни технологии во еден модел – Nebula со својата леснотија и Amphibiox со системот за водоотпорност.

Природната температура на стопалото се одржува под контрола со специјален внатрешен систем на дишење со кој топлината излегува преку поставата, додека пак 3Д мрежата овозможува поголемо испарување и чувство на леснотија. Специјална конструкција ги поврзува горниот и долниот дел на обувките, а обезбедува оптимална еластичност, додека пак гумениот, надворешен ѓон овозможува апсорбирање на притисокот без разлика по каков терен се движите.

Овие нови водоотпорни модели го отсликуваат современиот лежерен, спортски стил во ергономски дизајн со еластични врвки, во различен микс од бои аплицирани на кожа или материјал во ист или контрастен тон со гумениот ѓон.

x

Check Also

Тренд на неделата: „Matching“ костими за капење за ќерки и мајки од Women’secret

Иста како мама, тоа е сонот речиси на секое девојче, особено кога ...