Ѓерданчето од тестенини на Меган Маркл

За време на посетата на Австралија, принцот Хари и Меган Маркл се сретнаа со многу дечиња, ја посетиле Зоолошката градина и играле фудбал. Слатко, нели?

За време на сите настани, Маркл секогаш одбираше перфектни модни комбинации, а особено внимание привлече долгото ѓерданче направено од тестенини.

Ѓерданчето е всушност подарок од малото момченце Гавин. Според интервјуто на неговата мајка, Гавин се разболел и не можел да оди на училиште, па времето го користел за да направи ѓерданче за Маркл. Така, ова ѓерданче стана совршен моден додаток на војвотката од Сасекс.

А како се случило да го добие ѓерданчето? Малиот Гавин и го привлекол вниманието со голем лист на кој пишувало – Ви направив ѓердан.

x

Check Also

Шон Пен има нова љубов, 32 години помлада од него

Тој има 59 години, таа 27 години, а заедно се од 2016 ...