Зошто би мислеле дека само на жената и е грижа како ќе изгледа на плажа. Зошто би мислеле дека таа треба да биде убава и посебна во секоја пригода, дека само таа треба да го „украде“ вниманието. Активирајте се дечки! Од изборот на гаќичките за капење, зависи и дефинирањето на нашето мислење за вас.
Да не се разбереме погрешно, не треба да бидете набилдани, со совршен телесен индекс на маснотии, „плочки“ наместо стомаче, високи или „латино“ типови, со долги коси и секси поглед. Доволно е само да сте фраери. Доволно е да покажете дека знаете да изберете, дека имате стил и кога сте на плажа, дека знаете што сакате. Со нас сте барем на чисто – ние ги сакаме фраерите во вакви гаќички за капење.
Летната машка колекција на гаќички за капење Golden Point е веќе во продажба. Колекцијата содржи различни модели, од слип до боксерки, од еднобојни – некои и со прекрасна игра на контрастните детаљи, до модерни принтови вклучувајќи го и оној, моментно најфраерскиот принт, цветовите.
За квалитетот на материјалите и врвната изработка нема да зборуваме штом е во прашање потписот Golden Point.
Побарајте го вашиот соодветен (фраерски) модел во „Golden Point“ Скопје Сити Мол.