Гласини: Кејт Мидлтон го чека четвртото бебе

Британското кралско семејство во последниве години брзо се проширува. Во април минатата година, Кејт го роди принцот Луј, а пред крајот на 2018 и Меган ја најави својата бременост. Бебето на Хари и Меган ќе стигне на пролет, а сега се шушка дека во кралското семејство стигнува уште една принова.

Имено, „на големо“ се зборува дека и Кејт Мидлтон е бремена и го чека четвртото дете. Кралското семејство овие гласини не ги демантира. А кога некоја вест е лажна, семејството обично се погрижува гласините брзо да стивнат.

Кејт и Вилијам веќе имаат три деца – принцот Џорџ (5), принцезата Шарлот (3) и осмомесечниот принц Луј. Британските портали пренесуваат дека извор близок на семејството изјавил дека Кејт рекла дека сака и четврто дете. Војвотката од Кембриџ последен пат во јавност се појави на божиќната миса, а нејзината витка фигура воопшто не оставаше впечаток дека е бремена.

x

Check Also

Емили Ратајковски во црн секси фустан на црвениот тепих

Популарната манекенка и глумица Емили Ратајковски се појави во друштво на сопругот ...