Глитер боди-комбинезонот од Версаче на Ким Кардашијан

Изгледа дека Ким Кардашијан ја форсира боди-модата на самиот почеток на пролетта. Во последните неколку недели ѕвездата на Keeping Up With the Kardashians неколку пати се појави во јавноста облечена во боди. Овојпат пак, станува збор за боди-комбинезон.

Боди-комбинезонот кој светка е од пролетната колекција на Версаче, а Кардашијан го комбинираше со црн долг џемпер, исто така од Версаче, и сребрени глитер сандали.

Ваков моден избор Ким Кардашијан направи завчера во Париз, за вечерната средба со пријателката Кимора Ли Сајмонс.

 

x

Check Also

Ирина Шаик со ќеркичката дотерани во исти „Burberry“ фустанчиња

По разделбата со глумецот Бредли Купер, рускиот топ модел Ирина Шаик не ...