Глумицата Дијана Кругер ја претставува новата колекција на H&M

41-годишната глумица Дијана Кругер позира за каталогот на H&M, претставувајќи ги новите модни парчиња од колекцијата дизајнирана за лето 2018.

Позната по софистицираниот стил кој го покажува на црвените ќилими, како и во приватниот живот, русокосата убавица Дијана Кругер се здружи со шведскиот моден гигант H&M за да претстави повеќе модни изгледи од оваа марка наменети за топлите денови.

Инаку, Кругер пред да стане глумица била успешен модел, па не и било воопшто тешко да се снајде во атмосферата на студиото.

Кај новите модни парчиња од H&M доминираат ригите, лесните ткаенини како свила, сатен и лен, но и секси-модните парчиња од тексас.

За потребите на кампањата е снимено и видео, погледнете го.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...