Младата американска-ирска глумица Серше Ронан, која инаку ја освои титулата за најубаво облечена глумица во 2018 година, е фотографирана во Лос Анџелес во модерна модна комбинација благодарение на палтото од Манго.
Предимензионираното волнено палто „Пикасо“ е од зимската колекција на Манго и е едно од најпосакуваните модни парчиња за сезоната на студени денови.

Манго, палто модел Пикасо
Ронан изгледот го комплетираше со црни панталони, црни кожени чизми и блузичка со риги.