Годинава нема да има спектакуларно шоу на Викторија сикрет, откажано е!

За првпат после 23 години нема да ги гледаме ангелите на модната писта – Викторија сикрет го откажа големото модно шоу.

Најочекуваната модна ревија во зима, онаа на која традиционално се појавуваат најубавите жени во светот, годинава нема да се случи.
Гласините дека ревијата можеби нема да се одржи се појавија уште минатиот месец, но сега пристигна и потврда од една од супермоделите, која три години учествува на ова шоу, Шанина Шаик.
Во интервјуто за Дејли Телеграф, таа вели:
-За жал, оваа година нема да има ревија. Навистина жал ми е зошто не сум навикната на тоа. Обично во овој период почнувам да се подготвувам за на ревијата да изгледам како Ангел.
Официјално од Викторија сикрет нема одговор зошто нема да се одржи ревијата, но Шаик објаснува дека станува збор за тоа дека брендот настојува да се редефинира и репозиционира.
Во модниот свет пак, меѓу најпопуларните објаснувања зошто ревијата е откажана е она дека брендот увидел дека за време на ревијата луѓето зборуваат повеќе за диетите и физичката подготовка на нејзините модели отколку за креациите. А во период, како тековниот, во кој се повеќе внимание се посветува на промовирање на различностите и на прифаќање на сопственото тело, Викторија сикрет со својата ревија би била остар контраст кој диктира крути правила, диети до изгладнување и совршени тела.

Сепак, според Шанина Шаик, „Викторијас Сикрет“ работи на потрагата на нови начини за промоција со цел повторно, можеби догодина, да организира спектакуларна ревија која ќе биде меѓу најубавите во светот .

 

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...