Годишен хороскоп 2017: Што ни подготвуваат ѕвездите

Секако, многу изненадувања…

Овен

Година на големи промени за Овновите и на приватен и на деловен план. На деловен план треба да бидете многу одлучни бидејќи годината ќе ви донесе неколку прилики кои треба да ги искористите на вистински начин. Ве очекува подем во кариерата, но само ако сте подготвени да работите тимски. На финансиски план, ве чекаат разни предизвици и генерално станува збор за многу поволен период, но внимавајте на тоа колку трошите. Можна е нова интересна врска со некој од огнените знаци, но бидете посебно внимателни кон личностите од вашиот знак. Здравјето е добро, со мали проблеми со колената и кичмата, па се препорачува повеќе физичка активност.

Бик

Многу Бикови ќе почнат да размислуваат за свој приватен бизнис, па оние кои се навистина подготвени да почнат тоа треба да го направат. Сепак, немојте да ја занемарувате и можноста за напредување на работата која сега ја работите. 2017 година на Биковите им носи нови љубовни предизвици и тоа е година за среќа во љубовта. Некои Бикови може да очекуваат и проширување на семејството или понуда за брак. Внимавајте на љубовните врски со Јарецот со кои би требале да негувате добри пријателски или деловни односи. По прашање на здравјето, внимавајте на исхраната која може да ви донесе повеќе наталожени килограми. Затоа немојте да ја занемарите физичката активност.

horo-3

Близнаци

Близнаците треба да внимаваат на финансиски план, и на тоа да не донесуваат избрзани одлуки зашто ова е година на подеми и падови за нив. Постои можност да остварите деловна соработка со странци. Што се однесува до љубовта, тука нема значајни промени, добро е ако останете со партнерот и се обидете да ги разбудите старите страсти. За добар дел од Близнаците 2017 година ќе биде година на преиспитување и на свртување кон себе. Оттука, многу од нив ќе почнат да се занимаваат со јога или со други духовни дисциплини, кои ќе им ја вратат самодовербата и спокојноста загубена во текот на изминатава тешка година за нив.

Рак

Доколку размислуваат за нови приватни проекти, Раковите треба да ги одложат барем до следната есен/зима. На љубовно поле ќе имате постојано подеми и падови, но и борба за наклонетост на лицето кое го сакате. Некои Ракови кои се веќе во брак ќе имаат впечаток дека на партнерот се друго му е поважно освен вас. Во октомври, ѕвездите ќе ви овозможат да ја обновите старата љубов, но и енергија да започнете нова и убава романса со лице кое сте го сметале долго за пријател. Кога е здравјето во прашање, се препорачува да не ги избегнувате докторите и малку повеќе да внимавате на исхраната и подобрување на имунитетот.

Лав

Не многу лесна година за лавовите особено на полето на несогласувањата со пријателите и работодавците. Би било подобро да стават акцент на контролирањето на емоциите и зборовите за да не дојде до некоја несакана ситуација. На полето на љубовта ќе имаат стабилност, без некои значајни промени. Младите Лавови пак ги очекува нова свежа врска која ќе потрае. Здравјето е исто така стабилно, а кондицијата е во паѓање, па затоа посветете се повеќе на физичките активности.

horo-7

Девица

Девиците треба да се воздржат од потпишување на големи договори, и на работното поле да делуваат мудро и воздржано. На љубовен план, дури и оние најстабилните, може да очекуваат нови и кратки авантури. Би било добро во 2017 година да се завртите малку повеќе кон партнерот кој ќе биде разочаран од вашиот ладен однос, а оние кои не се во долги врски да им овозможат на новите средби да прераснат во љубовни релации, без да барате совршенство. Ова секако ќе биде година на правење компомиси. Здравјето пак е на добро ниво, освен што ќе мора да се откажете од претераните пороци.

horo-99

Вага

За вагите пред нив е прекрасна година полна со прилики и успеси. Среќата секаде ќе ги следи на деловен план, па може да очекуваат и нови големи работни подвизи и договори. Исто како и на работното место, во 2017 година љубовта на Вагите ќе им цвета, финансиите ќе им се „полнат“ а здравјето ќе им биде на максимум. Многу осамени Ваги годинава ќе си ја најдат својата вистинска љубов. Оние пак кои се во стабилни врски треба да внимаваат да не влетаат во нови авантури. Вагите кои посакуваат дете во 2017 година имаат голема шанса да го добијат.

Скорпија

Поучени со искуството од 2016, финансиите ќе ги раководите многу мудро. На деловен план нема да имате посебни успеси ипадови, така да станува збор за деловно здодевна година. Но затоа пак на љубовен план ве очекуваат многу авантури. Внимавајте во месецот мај една од тие авантури да не се случи со личност од деловното место. На среќните Скорпии им се насвенува период на веридба па дури и на брак. Скорпиите кои веќе се во брак треба да внимаваат да не паднат под искушението на новите љубовни авантури, бидејќи ќе ризикуваат загуба на личноста која навистина ги сака. Осамените Скорпии во 2017 година ќе си најдат љубовна среќа во врска со повозрасна личност. Здравјето ќе биде добро, освен да внимавате на проблеми со респираторниот систем. Нервозите пожелно е да ги смирувате со часови по јога или шетање во природа.

horo-31

Стрелец

Многу убав деловен период стои пред Стрелците и тоа од почетокот на февруари до крајот на април. Претпоставените ќе ве гледаат во најдобро светло, а не е исклучена и можноста за нова повисока работна позиција. Сепак, финансиите нема да бидат нешто поголеми од лани, а трошоците – да. Затоа внимавајте во годината помалку да трошите, а повеќе да штедите особено на непотребни шопинзи. Добар дел од Скорпиите можат да очекуваат и зголемување на телесната тежина поради преждерување.На љубовен план нема да бидете многу задоволни, ама тоа ќе се должи на вашата комплицираност. За слободните Стрелци период на љубовни врски е почетокот на летото. Здравјето сепак ќе зависи само од вас. Многубројните забави нема да ви бидат баш од полза, па подобро со време да ги смените навиките.

Јарец

2017 година е година на Јарците по многу прашања, а особено година на одлични финансии. Ќе почувствувате голема енергија, што пак некој Јарци ќе ги однесе во погрешна насока – брокерски „игри“, коцка и погрешни инвестициите. Подобро е да се држите на работата која веќе ја работите. Помладите Јарци можат да очекуваат големи унапредувања и нови вработувања. На љубовен план ситуацијата се подобрува, малите врскички ќе преминат во стабилни, додека слободните Јарци можат да очекуваат убава средба со Водолија или Риба. Здравјето е одлично, само доколку ги надминете нервозите на бурната 2017 година во која ќе бидете премногу активни.

Водолија

Особено значајна година за Водолиите. Нови контакти на деловен план, а многумина ќе направат договори со странци. Финансиите оваа година ќе цутат, но Водолиите ќе си направат и непријатели меѓу блиските колеги. Внимавајте на деловните односи со Близнаците и Јарците. На љубовно поле внимавајте прелесно и пребрзо да не го подарите срцето, зашто брзо ќе се разочарате. И оваа година ве следат брзи вљубувања и одљубувања. Не очекувајте сериозна врска, но размислете дали тие (врските) не се растураат токму поради вас. Доколку веќе сте во врска, дајте му повеќе време на партнерот. Што се однесува до здравјето, внимавајте да не сте деловно преоптоварени па тоа да ви направи проблеми. Дајте си издишка за време на викендите, уживајте во планините, а лето во морето.

horo-1

Риби

Годината на Рибите ќе им започне со многу труд, кој пак многу ќе се иплатува веќе до пролетта. Доколку се занимавате со административни работи бидете сигурни дека ве очекуваат промени на работното место, а на есен се можни поголеми финансиски добивки. невработените Риби ненадејно ќе добијат убав предлог за работа, а оние со сопствен бизнис – нови финансиски проекти. Некои од среќните Риби можат да очекуваат и наследство. Во 2017 година Рибите ќе имаат бурен општествен живот и ќе бидат дел од секое дружење, едноставно луѓето ќе уживаат во нивно друштво. На љубовно поле – истотака година со бројни предлози, но внимавајте да не донесете избрзани одлуки. Доколку влетате во брза врска со Риби, Стрелец или Девица кои ќе ви донесат разочарување на самиот крај на 2017. Здравјето во 2017 година ќе зависи само од вас и од вашите способности да одолеете на пороците. Избегнувајте ги лековите за смирување.

x

Check Also

Над 2.000 корисници и 70 компании за една недела се дел од Challenger Дома

Точно пред една недела преку продавниците за апликации на мобилните телефони, iOS или Android, 2.000 македонски ...