Годишен хороскоп – 2020

2020 година ќе биде одлучувачка година за земјените знаци. Супер среќна пак, ќе биде за Рибите. Што е со Лавовите, Шкорпиите и Водолијате? Дали се подготвени да се соочат со ново поглавје од нивниот живот? Прочитајте што ви подготвија ѕвездите за 2020 година.

ОВЕН

Кој ќе издржи, ќе победи!
Доцнење на проектите, неочекувани настани, тензии на работното место или со вашиот партнер и воопшто, во семејството: триото Плутон Сатурн и Јупитер во Јарец немаат намера да ги олеснат работите во 2020 година. Но, затоа пак, оваа тешка година за вас, ќе биде вистинско време за да покажете кои сте и колку вредите.

Сатурн од пролет до раното лето ќе ви помага да ги надминете неизвесностите. А дури од втората половина на декември ќе уживате во двојната поддршка на Јупитер и Сатурн кои сосема ќе ве заштитат, и од вас ќе направат победник.

БИК

Време за преземање акција

Важна година, која ќе започне со спектакуларни транзити, со практично сите бавни планети кои ќе „работат“ во ваша корист (Уран, Нептун, Плутон, Сатурн и Јупитер), а тоа значи дека ќе имате одлични можности на работното место, како и емоционални задоволства и благосостојба. Совет? Искористете ја комплетно оваа можност како да нема да има „утре“ и стиснете силно на „педалата“ за да ја постигнете целта која ја сакате (или повеќе од една цел).

На крајот на март, Сатурн ќе ве натера да се соочите со сите лични конфликти и еднаш да донесете цврста одлука, па дури и да „пресечете“ – тоа ќе биде во ваша полза. Крајот на годината ќе биде малку потежок, бидејќи Сатурн и Јупитер ќе ви ставаат „сопки“ на работното место – ќе дојде време да го направите големото „чистење“ и крај вас да остане само тоа што навистина ви треба и ви е важно.

БЛИЗНАЦИ

Позитивна година

Годината ќе започне мирно и таква ќе биде во првите неколку месеци, кога само брзите транзити на планетите ќе носат нови можности, од време на време. Но, сепак, ова е идеален период за да размислите, метаболизирате и сфатите каде сакате да ги вложите вашите напори. Од крајот на март до почетокот на јули ќе почнете да „живнувате“ на деловен и на емотивен план. Втората половина на 2020. ќе биде подинамична и ќе ве натера да донесете важни одлуки кои дефинитивно ќе ви го покажат вистинскиот пат.

Крајот на годината е во знакот на спектакуларните транзити кои ќе ве поддржат во сите ваши намери.

РАК

Верувајте во вас самите

Две ѕвездени екипи ќе се борат за вашата ведрина уште на почетокот на годината.  Од една страна – Уран и Нептун, кои ќе ве стават во состојба навремено да реагирате на настаните и ќе ви помогнат да ја ја разбудите креативноста и интуицијата: накратко, ако има година во која би можеле да се покажете брилијантни, еве ја! Од друга страна, сепак, ќе биде тимот составен од планетите Плутон, Сатурн и Јупитер, трио што ќе „работи“ на случајот да ве удри на најслабото место.

Без оглед која игра ќе ја играте, никогаш не попуштајте! Од крајот на март до средината на јули, Сатурн прв ќе попушти и ќе ви остави време да земете малку здив.

Дури во декември, со помош на Сатурн и на Јупитер, работите што ве загрижувале ќе се решат и атмосферата ќе стане многу полесна.

ЛАВ

Направете правилен избор

Активни транзити во 2020 година што се однесуваат на брзите планети, меѓу кои остриот Марс ќе се истакне и ќе ви создава неволји од почетокот на јули па натаму. Сепак, ова е година кога е време да размислите за вашиот живот, за постигнатите цели, за тоа што треба да исфрлите од животот, а што да промените. Не толерирајте ситуации и врски што претставуваат товар за вас!

Од крајот на март па до јули Сатурн во Водолија ќе ви подаде рака за да го направите првото големо чистење, а таквиот тренд ќе продолжи и во следните неколку години. Во декември, оваа „чиста“ станува уште пожестока – исечете ги сувите гранки и направете место за пупките на новите промени.

ДЕВИЦА

Главни протагонисти во вашиот живот

За кариера и за пари, 2020 година ќе започне неверојатно! Направените напори конечно ќе ги дадат посакуваните резултати и може да гледате кон иднината со поголема самодоверба. Како резултат на тоа, полесно ќе се посветите на личните или семејни проекти, затоа што ќе знаете дека може да сметате на цврста основа.

Но, тоа не е се! На позитивното трио Сатурн, Плутон и Јупитер ќе му се придружи Уран кој ќе ви понуди конкретни можности кои не треба да ги пропуштите. Овој транзит ќе ја потенцира генијалноста и креативноста, а ќе ви отвори можностиза успешна промена. Само Нептун во Риби ќе прави да имате за што да се пожалите, особено во емотивните врски – внимавајте, ќе мора да се обидете да  ги задржите нозете цврсто на земја и рационално да размислувате, но без воопшто да ја жртвувате ирационалната димензија типична за чувствата.

Крајот на годината е во знакот на убавиот предизвик за помирување на спротивностите, и направете го тоа!

ВАГА

Комплицирано, ама не е невозможно!

На почетокот на годинава можеби ќе мора да се соочите со некои проблеми, како што најавува „тимот“ на Јупитер, Сатурн и Плутон, сите во Јарец. Но, ова се само пречки со кои ќе се соочите, и ќе ги надминете, благодарение на поддршката на транзитите на брзите планети. Од средината на март до крајот на јули Сатурн ќе го направи првиот „брз“ влез во Водолија и ќе ви обезбеди стабилност, конкретност, сила и можност за реагирање. Од декември пак, стабилноста ви е загарантирана со поддршката на Јупитер.

Ќе ја завршите 2020 година како победник, силни и калени од претходните настани, и пред сè, подготвени да зачекорите во следната година во која ќе стекнете респектабилни позиции, како во приватниот живот така и во професијата.

ШКОРПИЈА

Извонредна година

Плутон, Сатурн и Јупитер во Јарец, и Нептун во Риби ќе ви овозможат да бидете лидер на промените кои почнаа да се случуваат и претходно, а и на тие што доаѓаат во текот на следните месеци, заедно со исто толку поволни ситуации за вас. Накратко, ќе можете да управувате со околностите и односите на итар начин, и да го дадете најдоброто од вас за сите да го видат! Пред вас е одличен период за кариера и заработувачка, а малку полош за „работите“ блиски до срцето и емоциите. На средината на годината, Уран ќе ве натера да се запрашате – Што е со вас? Па, така ќе мора да станете поеластични, и да расчистите со минатото. Погледнете во иднината!

Особено од декември па натаму, кога Сатурн и Јупитер ќе ви се спротистават за да ја научите лекцијата. За разлика од овој „тим“,  Плутон и Нептун ќе останат со вас, а тие се пак, извор на инспирација и стратешки решенија.

СТРЕЛЕЦ

Убаво е да сонувате сè додека ги држите нозете на земја

2020 е светлосна и весела, и сигурно нема да бидете одбиени во текот на оваа година. Повремено, сепак, сомнежот ќе се најде во вашите глави:  мисли што ќе се однесуваат на љубивта, или мала вознемиреност за вашата работа или за пари. Или пак, само нема да знаете како да се справите со одредена семејна динамика. Кога ќе стигнете до „дното“ на вашите сомнежи, ќе ја најдете личноста која ќе поддржи да ве поддржува – себеси. Таа личност ќе ви помогне и да ја свртите страницата. Од март до јули, Сатурн што ќе ви го даде првиот вкус на поволните ситуации кои ве очекуваат во наредните години.

Во декември, на Сатурн ќе му се придружи и Јупитер: годината заврши, но тој шепнува дека следната година ќе биде спектакуларна за вас!

ЈАРЕЦ

Сите луди за вас!

Како се чувствувате кога сте повеќенаменски ориентирани? Сега може да се пофалите, зашто тука е со вас триото Плутон, Сатурн и Јупитер. 2020 година ќе ја започнете како и претходната, карпеста и цврста, а вие ќе бидет одлучни да ги асфалтирате сите пречки на патот, за што и да е: кариера, пари, љубов или семејство, или лични цели.  Сигурно е дека во се ќе успеете: со вас се дури и Нептун во Риби и Уран во Бик, подготвени да ви дадат необични идеи и многу сјај!  Што мислат ѕвездите за вашиот успех? Неверојатен!

И, иако ќе ја почувствувате „тежината“ на строгиот учител Сатурн, на крајот од годината, (со куп должности и многу работи што треба да направите), опуштете се.

ВОДОЛИЈА

Затворете ја страницата!

Големи промени се подготвуваат, но можеби првиот чекор кон овие настани ќе се оствари само во тишината со самите вас, без дури и да сфатите што ви се случува. Таков е почетокот на годината. 2020-та година ќе започне и ќе продолжи малку тивко, но ако ја „преслушате“, ќе слушнете како шумоли гром во вас. До сега се соочувавте само со незадоволства, стравови, фрустрација, па еве можност да се сврти страницата: многу различни емоции ви носи Уран во Бик, како отскочна даска за неочекуваните ситуации кои следуваат. Лекот барајте го во искреноста. И земете си го  кормилото на вашиот живот во ваши раце. Ќе имате можност за тоа после втората половина на март.

На крајот на годината, Сатурн ќе ви покаже како изгледа да се започне „пишувањето“ на нова книга. А вие ќе се соочите со фундаменталната фаза од вашето постоење.

РИБИ

Бидете тоа што сте!

Колку е убава година без транзити против вас! Туку само со астрална помош и поддршка од секаде! Со Нептун во Риби, тука се Плутон, Сатурн и Јупитер во Јарец плус Уран во Бик. Во превод, тоа значи спектакуларни чекори за љубов, работа, лични промени и пред сè за подобрување на економската ситуација која претходно беше проблематична. Ќе се соочите со победничка година, во која сами нема да се „препознаете“ –  борбена и силна личност која се соочила со многу тешкотии, до сега, и која не само што ги надминала, туку научила како да го искористи најдоброто од тоа.

Не верувате? Ќе бидете горди на тоа што станавте! Личност со висока самодоверба. 2020 за вас е година на освојување на големи цели: ама ќе мора да вложите напор во тоа, и колку е поважна целта, толку е поголем напорот.

x

Check Also

Вежбаме дома со Џејн Фонда, ѕвездата се врати на социјалните мрежи

Иако сме во изолација, размислуваме за нашиот здрав изглед, а размислува и ...