Годишен хороскоп за 2019: Лавовите со нова љубов, Девиците – незадоволни, промена за Вагите, Шкорпиите во нов деловен предизвик!

Што им подготвуваат ѕвездите на Лавовите, Девиците, Вагите и Шкорпиите за 2019 година, прочитајте во годишниот хороскоп.

Лав 

Љубов – Ова ќе биде голема година за вас кога станува збор за сентименталниот живот! Конечно ќе го запознаете вистинското лице. Август ќе биде месец во знакот на кулминација на романтиката.

Работа – Голем успех на работен план ве очекува во 2019. Планетата Јупитер е поволна за вас и ќе ви донесе многу признанија но и нови деловни можности. До крајот на ноември ќе ги остварите сите професионални предизвици.

Здравје – Голема сила и енергија ќе имате во 2019. Јули и август, особено, ќе бидат два месеци во кои ќе блескате со енергија и одлична психофизичка форма. Внимание на здравјето од средината на ноември.

Девица

Љубов – 2019 година за вас, драги Девици, нема да биде во знакот на силните чувства, туку на спокојството кое ќе го имате со партнерот. Внимавајте на летниот период кога може да дојде до тензии во врската па дури и до преиспитување. Исто така, ќе биде потребно да посветите повеќе време на саканите и да не ги запоставувате поради работата.

Работа – Јупитер е во неповолна позиција, ќе ви создава тензии на работното место. Резултате кои ги очекувате ќе доцнат, а можен и чест конфликт со колегите. Треба да ја издржите целата година – работите тргнуваат на подобро дури од декември.

Здравје – Променливо здравје ќе ве прати низ целата 2019 година. Падот на енергијата ќе се должи на стресот на работното место, затоа ќе биде неопходно викендите да ги користите за одмор и релаксација. Најчувствително ќе ви биде здравјето во април и во мај.

Вага

Љубов – 2019 година ќе ве стави пред огледало, а вие ќе бидете повикани да се „погледнете“ и да одговорите на повеќе важни прашања – Дали навистина ви се допаѓа тоа што го гледате во огледалото? Одговорот нема веднаш да пристигне. После летото многу Ваги ќе мораат да затворат некои врати. За да отворат нови!

Работа – Од една страна може да сметате на поддршката од Јупитер, додека од друга страна ќе го имате неповолниот Сатурн кој ќе се противи на Јупитер. Тоа значи дека можности за напредување ќе има многу, но Сатурн ќе бара мудри и бавни чекори. Ако избрзате, може многу да ризикувате!

Здравје – На поле на здравјето, 2019 година нема да започне на најдобар начин. Се до средината на февруари ќе чувствувате пад на енергијата поради опозицијата на Марс. За среќа, пролетта ви носи убаво расположение и енергија.

Шкорпија

Љубов – Драги Шкорпии, оваа година Венера ви подготвува бројни пријатни изненадувања на емотивен план. Ќе имате можност да конструирате нова важна љубовна приказна, а доколку сте во врска – ќе се одлучите на чекор понапред. Есента ќе биде цела во знакот на одлуки и многу романтика.

Работа – Го имате и Сатурн и Јупитер на ваша страна – затоа оваа година би можеле да направите разумни чекори во кариерата. Ќе биде неопходна и промена на работното место, а многу Шкорпии би можеле да прифатат нов работен предизвик. Направете го трансферот и прекршете ги рутините!

Здравје – 2019 година на полето на здравјето нема да биде баш прекрасна. Ќе чувствувате замор и пад на енергијата, особено во месеците февруари и април, кога Марс ќе биде во опозиција.

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...