Годишен хороскоп за 2019: Среќна година за Стрелците, промени за Јарците, деловност за Водолиите и тензии за Рибите

Што ви подготвија ѕвездите за 2019 година? Прочитајте го годишниот хороскоп за родените во знакот на Стрелец, Јарец, Водолија и Риби.

Стрелец

Љубов – Најважниот збор за 2019 година за вас ќе биде зборот – храброст. Не се плашете да преземете предизвици, дури и на сентиментален план. Планетите се на ваша страна и ќе ви помогнат да го реализирате вашиот љубовен сон. Ако сте сами, не дозволувајте да ве фати паника, туку што почесто дружете се.

Работа – Зборот храброст важи и за деловен план. Јупитер во конјукција ќе ви подари можности да ги реализирате проектите на најдобар можен начин. Не плашете се да не излезете од вашата вообичаена зона на конфорт, зашто ова треба да биде година на промени! Промени на подобро.

Здравје – Сила и енергија ќе ве придружуваат во 2019 – година исклучително важна за вас. Месеците јануари, јули и август ќе бидат најдобри од здравствена гледна точка, додека април може да биде малку потежок месец.

Јарец

Љубов-Драги Јарци, годината 2019 ќе биде година на одлуки. Тоа што не „оди“ ќе мора да го прекинете. Се додека не ги решите старите врски нема да можете да очекувате нова во вашиот живот. Затоа, не плашете се да донесете цврста одлука. Од друга страна, стабилните врски ќе донесат важни одлуки – фаворизирани се браковите и проширувањето на семејството.

Работа – Во текот на целата година Сатурн ќе биде со вас – оваа планета создава тешкотии но затоа пак носи темелни и здрави промени. Ако не сте закочени од стравот, успехот сигурно ќе дојде со новиот предизвик. Од декември пак, и Јупитер ќе застане на ваша страна, па крајот на годината сигурно ќе биде во знакот на деловната прослава.

Здравје – Годината нема да почне супер поради неповолната поставеност на Марс. Но веќе од средина на февруари ќе почувствувате враќање на енергијата. Некој психофизички проблем може да се појави меѓу мај и јуни.

Водолија

Љубов – Периодот кој ќе почне со почетокот на годината и ќе трае до крајот на март ќе биде од исклучителна важност за вас на сентиментално поле. Убава романтична приказна треба да се роди на почетокот на летото, додека мала криза е предвидена за август.

Работа – Јупитер ќе ви носи среќа и ќе ве поддржува на деловен план се до декември. Затоа искористете ги шансите на оваа дарежлива планета. Пробајте да бидете добро организирани (организираноста ќе ви недостига во 2019) и дефинирајте точно што сакате да постигнете. Вашите соништа можат да се исполнат!

Здравје – Во 2019 нема да ви недостига енергија. Јануари и април ќе бидат месеци со голема енергија од психофизичка гледна точка. Пад на енергија може да почувствувате во јули и во првиот дел од август. Во тој период гледајте повеќе да се релаксирате.

Риби

Љубов – Новата година за вас, драги Риби, нема да почне на најдобар начин што се однесува до емоциите. Кавгите и тензиите со партнерот, за жал, ќе продолжат и во февруари. Вистинската идила нема да пристигне пред месецот април.

Работа – За жал се до декември ќе мора да се соочите со опозицијата на Јупитер кој постојано ќе ви создава пречки на патот. За среќа пак, може да сметате на поддршката од Сатурн кој ќе ви осигура позитивни промени и важни одлуки на долг период.

Здравје – Проблемите поврзани со љубовта и работата ќе се префрлат на вашето здравје, бидејќи ќе бидете пречувствителни. Најризичен период ќе биде втората половина на август и месецот октомври.

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...