Продадено уметничкото дело на Тони Бенет со голата Лејди Гага за 30 000 долари

Еден среќен обожавател на Лејди Гага успеал да зграпчи вистинска колекционерска реткост – гола слика од својата омилена пејачка. Сликата ја нацртал Тони Бенет, а настанала откако дуото ја снимило песната “The Lady is a Tramp”. Тони ја замолил Лејди Гага да позира за него, на што пејачката со задоволство прифатила.

На аукција на која се продадени и нејзините “Brian Atwood“ чевли и потпишана е насловната страна од  ”Vanity Fair”, оваа слика е продадена за вртоглави 30 000 долари. Аукцијата е одржана на Е-беј, а сите пари од продажбата ќе одат во фондацијата “Born this way”.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...