Голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите

Голем концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите во Македонска Филхармонија на 20 април со почеток во 20:30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите  песни од албумот Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја започнаа со ,, Си беше еднаш и ,Генерале“, која стана дел од музиката за претставата Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со Галена, Анице и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.

Бени и Златко не најавуваат спектакал туку најавуваат вечер во која сите ќе уживаат. Картите се веќе во продажба во Југотон и преку продажната мрежа на КУПИ КАРТИ ЗА СЕ“.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...