Голема наградна игра на Кит-Го и Тера Маркети

 

Автомобил, скутери, велосипеди, летувања и патувања во Европа се само дел од наградната игра што Кит-Го, најголемиот ланец на малопродажни објекти во Источна Македонија ја организира за своите потрошувачи.

kit 7

Со почеток на 28-ми април, во наградната игра ќе можат да учествуваат сите граѓани што купуваат од Кит-Го и Тера Маркети.

„Нашата 23 годишна традиција и опстојување на македонскиот пазар ни овозможува да кажеме дека сме горди на нашата работа и благодарни на нашите потрошувачи. Досега дадената доверба е доказ дека низ годините постојано ги задоволуваме барањата и потребите на купувачите, и преку голем труд и напор на нашиот менаџерски тим и вработени се обидуваме да ги задоволиме очекувањата на сите купувачи. Оваа наградна игра е само мал дел од нашата благодарност кон нив и веруваме дека граѓаните ќе учествуваат и ќе се забавуваат, а најсреќните ќе се израдуваат со голем број награди од предвидениот фонд“, изјави Александар Попов, комерцијален директор во Кит-Го.

Наградите ќе се извлекуваат секој месец, во четири фази, започнувајќи од Струмица на 4ти јуни, а потоа на 9ти јули во Неготино, 20ти август во Кочани и главното извлекување на 1ви октомври во Штип.

kit 5

Со секоја направена сметка од минимум 300 денари во Кит-Го и Тера Маркети, потрошувачите добиваат купон (самолеплив) и леток на каса (на кој треба да залепат пет купони) и со тоа добиваат можност да учествуваат во наградната игра. Летокот се пополнува со личните податоци, на истиот се лепат добиените купони, а потоа тој се остава во означена кутија во самиот маркет. За учесниците важно е да се напомене дека сите недобитни летоци од претходните извлекувања ќе учествуваат и во главното извлекување на 1-ви октомври.

Главната награда во играта е автомобил Опел Астра Седан 2016, а исто така и четири скутери и 12 велосипеди. За месечните среќни добитници ќе има 160 вредносни ваучери од 2000 денари, за пазарување во Кит-Го и Тера маркетите, како и 32 патувања низ Европа, односно Прага, Виена, Будимпешта и Истанбул, како и летувања на Крф, Тасос и Халкидики.

За повеќе информации околку наградната игра, можете да ја посетите Facebook страница на Кит-Го и Тера Маркети или да се информирате во било кој маркет на компанијата.

x

Check Also

Новите FREEBUDS 3 HUAWEI безжични слушалки испорачуваат нови интелигентни звуци користејќи KIRIN A1

Huawei ги претстави своите безжични слушалки HUAWEI FreeBuds 3 за време на ...