Голема првоаприлска забава за целото семејство во Веро центар

Денот на шегата, 1 април, ќе се одбележи во Веро центар со голема неколкучасовна првоаприлска забава за целото семејство. Дружбата во сабота ќе почне од 11 часот со детската претстава „Шумски маскенбал“ која ќе се изведува во големиот хол на Веро центар. Од 12 часот ќе следи едночасовна креативна работилница за деца на која тие ќе изработуваат куклички за на рака од чорапи, хартија и други додатоци, под будното око на неколку ментори со кои подоцна ќе подготват и кратка претстава. По завршувањето на креативната работилница, забавата ќе се префрли во детското катче за изработка на шарени и весели маски, каде што децата ќе можат да ја покажат својата креативност и фантазија.

Целата забава во Веро центар ќе биде дополнета со многу музика, смеа и шеги. На првоаприлската дружба се поканети сите дечиња што сакаат да ги покажат своите маски, како и родителите кои сакаат да се забавуваат заедно со своите деца.
Организираната програма за 1 Април ќе почне од 11 часот, а планирано е да трае до 14 часот.

x

Check Also

Извојувајте ја главната „Шопинг победа“ преку плаќање со HalkPay на Халкбанк

Халкбанк АД Скопје со секој проект покажува дека е банка на луѓето. Од ...