Голема заинтересираност во првата недела од отворањето на Ист Гејт Мол

Во првата недела од отворањето, Ист Гејт Мол прерасна во вистинска шопинг престолнина, која ги надмина очекувањата на посетителите.

Разновиден избор на голем број на квалитетни брендови, кои што се простираат на 5 нивоа, оригинални содржини за сите генерации, лесниот пристап, голем паркинг простор со 2000 места, пространите коридори и архитектонскиот дизајн од новата генерација на целосниот објект, се само мал дел од уникатното искуство наречено Ист Гејт Мол.
Шетањето на посетителите е комфорно поради широките булевари, природната светлина, високите сводови и мноштвото зеленило.

Ист Гејт Мол е центарот на сите случувања во главниот град. Понудата на оригинални концепти и уникатни содржини за сите генерации и вкусови е вистински магнет за илјадниците посетители. Тоа што некогаш недостигаше во главниот град, денес е реалност и прераснува во вистинска шопинг оаза.

 

 

 

x

Check Also

Катарина Јовановска ја освои тутулата најфотогенична на изборот за убавина ЕВРОАЗИЈА 2021

Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазија 2021 (Queen ...