Големиот Дарко Рундек, моќната Сенида и најбараните рапери во регионот пристигнуваат на „Си Денс“!

Еден од најзначајните музичари од просторите на некогашна Југославија, ДАРКО РУНДЕК со својот музички состав „Екипа“ доаѓа на јужниот Јадран за на 31-ви август да одржи концерт за паметење на главната бина на „Си Денс“ (Sea Dance) фестивалот! Рундек е веќе 40 години еден од најактивните и најпопуларни автори, најпрво со култниот бенд „Хаустор“, а потоа и како соло изведувач кој на самиот морски брег ќе ги изведе некои од вечните нумери како што се „Апокалипсо“, „Шал од свиле“, „Македо“, „Сањам“, но и некои од новите меѓу кои се „Тамни Јоргован“, „Црни души“ и бројни други. Својот настап на овогодишниот „Си Денс“ фестивал го потврди и Сенида (Senidah), балканската музичка сензација, сопственичка на мегахитот „Слаѓана“, кој брои повеќе од вртоглави 36 милиони прегледувања на „ЈуТјуб“ со што оваа песна се издвојува во редот на најпопуларните на Балканот било кога! Успехот на првиот, набргу, со уште неколку десетици милиони, го повторија и следните нејзини синглови, со што Словенката со црногорско потекло денеска се вбројува во најбараните изведувачи на Балканот. Во кариерата долга 10 години, Сенида Хајдаровиќ стана препознатлива по својата автентична појава и музичкиот израз кој претставува спој на различни жанрови (ар-ен-би, хип-хоп, трап), како и по единствениот вокал. Со жестоките нумери, атмосферата во Буљарица ќе ја доведат до точка на вриење и ударните ѕвезди на првата балканска хип-хоп издавачка куќа „Басивити“ (Bassivity). Ќе биде тоа своевиден хип-хоп фестивал во фестивал со најслушаните регионални рап хитови кои во збир надминуваат и стотина милиони „ЈуТјуб“ прегледи. Покрај, „Сенида“, на оваа листа се и легендите на загрепскиот трап во неверојатна експанзија оваа година „Кукус“ (Kuku$), регионалниот трап гуру „Фокс“ (Fox) директно заслужен за популаризација на новиот хип-хоп бран на Балкан, токму како и „Суриал“ (Surreal), еден од најпопуларните изведувачи на регионалната рап сцена препознатлив по непосредниот и оригинален став. Со нив пристигнуваат и популарните новосадски хип-хоп колективи „Хејз“ (Hazze) и „Бекфлеш“, познати по одличните настапи во живо.

Големиот Рундек и најбараните рапери на Балканот пристигнуваат на Sea Dance
Еден од највлијателните творци на екс-Ју сцената и некогашен фронтмен на култната група „Хаустор“, Дарко Рундек, за време на 40-те години успешна кариера и петнаесеттина музички изданија, високо се позиционира на регионалната и меѓународната музичка сцена. По повод 20 години од објавувањето на албумот „Апокалипсо“, Рундек повторно собра голем бенд именуван „Екипа“, кој го придружува на настапите и со кој на 15-ти јуни 2017-та година го одржа најголемиот самостоен концерт во кариерата пред 10.000 посетители на белградскиот стадион „Ташмајдан“. „Екипата“ ја сочинуваат тапанарот Силвио Бочиќ, контрабасистот Роко Црниќ, Миро Манојловиќ на вибрафон и удиралки, трубачот Игор Павлица, тенор саксофонистката Ана Коваќич и Изабел Катала на виолина. Со сопругата Санда Хршиќ, театарската режисерка и преведувачка, Рундек работи и на објавување на персиската духовна поема „Јазикот на птиците“ од 12-ти век која повикува на единство на светот, но и потсетува на еколошкиот и општествен ангажман на Рундек кој е сѐ повеќе изразен во последните години. „На животот околу себе му посветуваме внимание, се обидуваме да бидеме внимателни бидејќи вниманието е она што човекот во својот живот може најмногу да го даде на светот“, порача неодамна Рундек.

Шестиот Sea Dance ќе биде одржан од петок, 30-ти август, до недела, 1-ви септември, на скриениот бисер на јадранскиот брег, Буљарица во Будва. Најавата дека најуспешниот музички продуцент на 21-иот век Дејвид Гета ќе ја предводи програмата на најсилното издание на Фестивалот, заедно со водечкиот германски диџеј и продуцент Робин Шулц, како и француското хит дуо „Офенбах“ предизвика незапаметен интерес за овогодишниот Фестивал, кој според сите најави ќе го посети публика од над 30 различни земји, па покрај најавената најсилна програма досега, се очекува дека ова издание ќе биде и најинтернационалното досега. Нови изненадувања и големи имиња кои ќе настапат на овогодинешното издание ќе бидат објавени наскоро.

Ги снемува влезниците по промо-цена од само 1650 денари!
Сѐ побргу ги снемува влезниците за Sea Dance кои за само 1650 денари ги овозможуваат сите три фестивалски дена, што претставува дури 50% заштеда во однос на финалната цена! Во продажба можат да се најдат и ВИП ГОЛД тридневни влезници по цена од 6550 денари, а кои во Македонија се достапни преку официјалниот тикет-сервис МкТикетс. Во продажба се и местата во фестивалскиот камп со кој посетителите добиваат речиси недела дена кампување на морскиот брег по цена од само 25 евра. На сајтот на официјалната туристичка агенција www.exittrip.org, достапни се и туристички пакети кои покрај влезница, содржат и различни други опции за сместување и превоз.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...