Големо враќање на малите чантички

Судејќи според тоа што го видовме од уличната мода на присутните на модните ревии во Њујорк и Лондон, микро чантичките на голема врата се вратија на модната сцена.

Од уличната мода на модните недели во Њујорк и Лондон

Големи се онолку колку да можат да соберат мобилен телефон, кармин и клучеви, практични се за носење, а може да се носат во рака или пак префрлени околу рамото. Не ги чувствуваме на нас, не ни тежат, можеме да танцуваме слободни на забави, а дизајните сега им се толку примамливи што на ваквите чантички ретко кој би можел да им одолее.

Тие повеќе не се „резервирани“ само за помладите девојки, туку и за зрелите госпоѓи кои конечно, се збогувале со претераната шминка на лицето, што е всушност и задолжителен тренд за оваа година.

Кајли Џенер со микро чантичка

„Сезоната“ на мали чантички меѓу првите ја отвори моделот Кајли Џенер, која уште од минатото лето покажа неколку модели од нив.

Денес, ги наоѓаме во пролетните колекции на популарните хај-стрит модни марки, како Манго и Зара, но и во колекциите на луксузните модни марки меѓу кои предводи Фурла.

x

Check Also

Обезбедете низа поволности со картичката за лојалност на Кроациа Осигурување-Живот

Животното осигурување станува сѐ поатрактивно за македонските граѓани што ги препознаваат бенефициите ...