Големото враќање на Гема Вард

По подолга пауза една од најбараните модели на 21 век, Гема Вард, се врати на модната сцена и веднаш (повторно) се најде на насловната страница на Вог. Станува збор за декемвриското издание на Вог Австралија, фотографирана од Ема Самертон.

g77

Повеќе од шест години супермоделот се повлече од модниот свет и воопшто од јавниот живот, но сега повторно се врати на голема врата со целата своја женственост и убавина.

 

За Вог Австралија декември 2014

За Вог Австралија декември 2014

Вард освен што е позната по бројните насловни страници на Вог, позната е и по варирањето во тежината. По смртта на нејзиното момче, холивудскиот актер Хит Леџер, супермоделот се здебели над дваесет килограми и со тоа стана речиси непрепознатлива.

Вард во периодот на тажење

Вард во периодот на тажење

Вишокот килограми и донесоа уште една депресија и Вард не можејќи да се соочи со негативните критики  сосема се повлече од јавноста. Неколу години се бореше со киограмите за најпосле да ја врати посакуваната тежина, а потоа се обиде да изгради актерска кариера со малите улоги во „Пиратите од Карибите“ и „Големиот Гетзби“.

Денес со минус 24 килограми Вард изгледа идентично на времето кога ги уриваше рекордите на освоени насловни страници.

Во чест на нејзиното големо враќање на насловната на Вог, да се потсетиме на петте највлијателни насловни страници која таа во минатото ги красеше.

  1. Вог Италија, април 2005, фотографирана од Стивен Мејсел

g1

  1. Вог Јапонија, март 2006, фотографирана од Крег Мек Дин

g2

  1. Вог Париз, февруари 2003, фотографирана од Марио Тестино

g3

  1. Вог Британија, август 2005, фотографирана од Марио Тестино

g4

  1. Вог Италија, мај 2007, фотографирана од Стивен Мејсел

g 5

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...