Голока и Токсиколизи со првата заедничка колекција за скопските хипхопери

Денес (02.11.ПЕТОК) во скопскиот локал „Концепт 37“ со почеток во 20:00 часот ќе се случува промо забава на “street wear’’ брендот „Голока“ од Бугарија, кои за прв пат ќе се претстави пред скопската публика со својот бренд.


Дизајните што ќе ги презентираат се рачна изработка од страна на познати графитџии и дизајнери од Бугарија како Nasimo, Galen Zhelyazkov – Omerta и други.


Голока е супер фраерски бренд кој доаѓа од соседството , и кој ќе ги презентира своите кул дизајни на облека – маички, капи, блузони итн. Постојат повеќе од 5 години и се афирмиран ”Street wear” бренд кој има продажна мрежа во Бугарија, Канада, Чешка…

Голока, заедно со домаќините Токсиколози – Џоле, Сиги и Кацар, ќе ви ја претстават и првата соработка со скопските хипхопери, односно новата линија на маици – Токсиколози едиција.
Бидејки ова е промо журка, артиклите ќе бидат по промотивна цена.

Зад грамофоните ќе биде DJ Drazi Drags, а зад микрофоните Токсиколози и Gerata (BG).

Локација: Concept 37
Старт: 20:00

x

Check Also

Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“

На еден ден пред почетокот на 37. Скопски џез фестивал, Музејот на ...