Good Evening – вечерна колекција на Zara за специјални пригоди

Рајан ван Ромпеј е главна ѕвезда во новата кампања на Zara насловена Good Evening за есен/зима 2019. 

Едиторијалот посветен на новата колекција дизајнирана за декемвриски и јануарски специјални пригоди се фокусира на екстравагантни и елегантни модни парчиња за вечерни излегувања и прослави. Акцентот е на плишаните фустани, палтата со дворедни копчиња, волуминозни блузи и елегантни сакоа. Од деталите пак, предност имаат панделките. Од палетата на бои доминира црната и нежно-розовата. 

x

Check Also

Вистински Cyber Monday на Fashion Group со -30% попуст на се

Понеделникот кој сите го сакаме, вистински Cyber Monday на Fashion Group само ...