Ѓорѓи: Мојот живот сам го менувам, затоа што сакам да го сменам

– Процесот е за мене едноставен, многу битен, тука добив еден лесен почеток, многу лесен нов живот далеку од зависноста. Гледате дека тука работиме, стекнувам нови работни навики, работи што не сум ги работел надвор, тука ги сознав и можат да ми бидат од голема корист надвор од тука, кога ќе излезам. Тука сум веќе 13 месеци, задоволен сум од целата програма, со стручните лица тука што работиме, како работиме. Имаме психотерапија, ми помагаат многу, и јас се трудам да дадам се од себе, оти сепак се работи за мене. Мојот живот сам го менувам, затоа што сакам да го сменам, вели еден од вработените во Академијата.

Според него поддршката значи најмногу, прифаќањето како еден нормален човек, за разлика од надвор каде чувството било како да мора да се крие.

-Тука тие работи ги сознав, и дознав дека некои работи кои ми тежеа пред тоа пробав, и ме научија како да можам да ги отстранам од мене, тие мисли да не ме гонат, да не ме прогонуваат, оти тоа ми беше проблем на мене.

Неговиот колега Димче, како оператор, објаснува дека денот е многу едноставен, наутро има појадок и молитва, потоа состанок за организирање на работата, по завршување на обврските има и слободни активности.

-Процесот тука трае годинаипол, поделена е на три фази на рехабилитација, ресоцијализација и реинтеграција. Јас го имам поминато цел процес, тука сум веќе двеипол години, сега сум како вработен во заедницата и работам како оператор, помагам на новите клиенти што се сега во почетни и во поодминати фази, вели исто така вработен во Академијата кој го поминал процесот на рехабилитација.

Според Димче операторот, корисници доаѓаат од целата држава, меѓу кои и прв клиент од Косово.

– Вистина, ваков тип на заедница скоро и да нема на Балканот. Значи со сите работи поврзани со работно-окупациона терапија и психотерапевтска терапија. Денеска ни пристигна и првиот клиент од Косово. Значи имате три фази, првата е фаза на адаптација, да се адаптираат на местото, потоа фаза на ресоцијализација, па на крај реинтеграција. Треба малку да се издржи во фазата на адаптација, затоа што има фаза на детокс, тие се малку тешки моменти за сите клиенти, што се биле и за мене, но имаме лица тука, сите што сме вработени сме биле зависници, многу голем период , еве јас сум бил зависник 16 години. Но, со нашето искуство нудиме плус помош за сите клиенти, појаснува тој.

 „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ во Струмица им го менува животот на зависниците – ги прави корисни за општеството

 Проектот „Академија за реинтеграција на маргинализирани лица“ преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион во партнерство со  Здружението за советување, лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависни од психоактивни супстанци – ИЗБОР од Струмица, поддржан од  Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа е навистина еден уникатен пример како да им се помогне на оние кои се зависници од психоактивни супстанци, од алкохол, дрога, и тоа на начин на кој тие ќе бидат ресоцијализирани, не само лекувани.

Токму преку проектот ќе се овозможи унапредување на постоечките услуги во југоисточниот регион за подобро вклучување на маргинализираните лица на пазарот на труд. Во износ од над 6 милиони денари набавена опрема потребна за работно оспособување за пекарство, пакување на производи, градинарство и цвеќарство со цел збогатување на програмата за реинтеграција за стекнување на вештини на професионално оспособување за маргинализирани лица.

За Сократ Манчев, претседателот на здружението ИЗБОР овој проект финансиран од Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка нуди можност за професионална рехабилитација заради реинтеграција на лица со попреченост, и други маргинализирани групи.

– Самиот проект предвидува голем склоп на активности, економски активности преку кои ќе се обидеме не само да ги вработиме тие луѓе, да им најдеме работа, туку и да направиме една само-одржливост на нашата организација, појаснува Манчев.

x

Check Also

Менопауза: Пет работи кои секоја жена треба да ги знае

Хормоните понекогаш навистина моат добро да не збунат! На пример, поради нив, ...