“ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И’ Е ПЕТРУНИЈА” се закити со главната награда на Интернационалниот фестивал во Келн

Филмот “Господ постои, името и’ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film FestivalПетрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15,000 евра. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда. Овој пат тричленото жири, се одлучи за Петрунија кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Жирито доделувајќи ја наградата рече: Oдлучивме да ја  доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. “Господ постои, името и’ е Петрунија” на 10 Април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 Април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Во месец април, како што веќе најавивме “Господ постои, името и’ е Петрунија” патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина оттаму и ја започнува Руската дистрибуција на Петрунија.  

Филмот од страна на фестивалот е  најавен како емотовен енергичен манифест на Балканскиот феминизам http://www.moscowfilmfestival.ru/miff41/eng/

Сумирано, фестивали кои ги посети Петрунија за месец април се 37 Festival Cinema d’Alès, France 29 Mart – 7 April http://www.itinerances.orgIstanbul film festival 5-16 April http://film.iksv.orgDortmund | Cologne International Women’s Film Festival 9-14 April/competition https://www.frauenfilmfestival.euGo East International Film Festival 10-16 April, каде беше филм за отварање, https://www.filmfestival-goeast.deCrossing Europe Film Festival,  Linz, Austria 25-30 April, каде е филм за затварање www.crossingeurope.at.

Интернационалниот продажен агент Пирамид кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција, и со големо задоволство соопштуваат дека на 1 Мај ја започнуваат дистрибуцијата во 60 кино сали на низ цела Франција, од кои 7 кино сали во Париз.

Петрунија патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 Април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, драгиот Штип.

x

Check Also

Таканаречениот 200 Амстердам е нов облакодер кој „никнува“ на Мехнетен, а ќе ...