Господарите на пеперушките

Чарли Чаплин

Чаплин е име кому секому му е звучно кога е во прашање немиот филм и нејговиот неверојатен талент.

Покрај тоа што е неверојатен како комичар, режисер и композитор неверојатен е и неговиот стил во кој со посебно внимание ја негува љубовта кон црната пеперушка која станува и негов заштитен знак и пример за елегантен стил кај еден маж.

Маноло Бланик

Оценет како еден од најдобрите шпански дизајнери на светската модна сцена Маноло Бланик е вистински господин кој буквално во секоја прилика носи внимателно одбрана пеперушка.

Како страствен љубител на пеперушките, особено на свилените пеперушки, може да се пофали со исклучиво богата колекција избрани од неговото префинето дизајнерско око.

Пол Рубенс

Добро познат по улогата Pee-wee Herman по серијата на истоимените филмови, Пол покрај професионално и приватно станува зависник од пеперушките. Pee-wee Herman во филмовите е вистински љубител на црвената пеперушка која ја има „во резерви“ и секогаш ја комбинира со сив костум.

Модната комбинација од комичните филмови на Пол станува моден избор на светско ниво, а црвената пеперушка омилена кај многу мажи кои сакаат елегантен, а сепак урбан и смел изглед. Пол на секоја своја премиера или фотографирање, а и приватно, го зачинува својот изглед со пеперушка во смели бои.

Гор Видал

Поранешниот политичар и писател познат по неговите духовите одговори и спонтани коментари беше еден од најелегантните мажи – страсни љубители на пеперушки.


Особено беше внимателен кога беше во прашање неговиот стил кој беше препознатлив по големиот избор на карактеристични пеперушки кои заедно со неговиот комплетен стил го направија омилен кај неговите фанови. Неговиот избор на пеперушки беше уникатен, а сепак класичен.

Винстон Черчил

Еден од најжестоките премиери на Велика Британија, Черчил беше горд Англичанец кој гордо носеше внимателно одбрани пеперушки. Неговата најпозната “polka -dots” пеперушка го обиколи светот и стана негов препознатлив знак.

Неговиот стил никогаш не беше здодевен, а тоа беше потврдено од целиот моден и политички свет.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...