Готово за 20 минути: Француска пица со тиквички и тофу-сирење

Ова традиционално јадење од француската кујна е познат како тарт фламбе односно „француска пица“.

Се подготвува многу едноставно и брзо, потребни се само 20 минути.

Потребно е – 450 грама тесто за пица, 150 грама тиквички, 3 лажици маслиново масло, 100 грама тофу сирење, филџан јогурт, 1 мала лажичка оригано, сол, црн пипер, 1 сечкан промид на кругови.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 250 степени. Тепсијата обложете ја со хартија за печење па врз неа ставете го тестото за пица. Премачкајте го тестото со маслиново масло и печете го 8 минути.

Во меѓувреме, помешајте го изренданото тофу сирење (или исечкано на парчиња), јогуртот и ориганото и додадете сол по вкус и црн пипер.

Намалете ја температурата на рерната на 220 степени.

Премачкајте го тестото со смесата од јогурт и тофу и додадете ги тиквичките (исечкани на ленти или на тенки кругчиња) и кромидот исечкан на кругови.  Потоа, печете уште 8 минути.

x

Check Also

Превкусни палачинки од тиква

Дегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата. ...