Готово за половина час: Полнети тиквички на италијански начин

Ви предлагаме да ги направите првите пролетни полнети тиквички кои се печат за помалку од половина час.

Намирници – 2 големи тиквички, маслиново масло, половина главица кромид, 2 домата, 1 лажичка копар, 100 грама пармезан, исечкан босилек, сол и црн пипер по желба.

Подготовка

Исечете ги тиквичките по должина и издлабете ја средината. Остатоците ситно исечкајте ги. Во тава загрејте маслиново масло. Додадете го исечканиот кромид и пржете неколку минути додека омекне. Додадете го „месото“ од тиквичките, исечканите домати, исечканиот босилек, сол и црн пипер. Пржете уште пет минути и мешајте. Потоа, тиквичките ставете ги во огноотпорен сад и печете ги 6-7 минути во загреана рерна, на 180 степени. Извадете ги од рерната и наполнете ги со филот од зеленчук. Наросете копар и изрендан пармезан. Вратете ги во рерна и печете уште десет до петнаесет минути.

x

Check Also

Домашен „зелен“ сладолед во кој може да уживате колку сакате!

Од овој сладолед може да јадете колку што сакате без да почувствувате ...