Говедско во кремаст фета сос

Уживајте во неделата со превкусен ручек.

За да го подготвите потребни ви се состојките– 4 говедски стека, 4 лажици путер, сол, црн пипер, 8 лажици путер, 2 сечкани кромиди, 500 мл неутрална хопла, 160 грама фета сирење здробено на трошки.

Подготовка

Зачинете ги стековите од двете страни со сол и црн пипер. Намачкајте ја тавата со 2 лажици путер и печете ги стековите додека да станат средно готови.

Пржете го кромидот на 8 лажици путер на висока температура. Намалете ја температурата и прелијте го кромидот со хоплата. Динстајте 5 минути или додека сосот да се намали за половина. Додајте го фета сирењето и мешајте додека да се стопи. Послужете ги стековите прелеани со сосот.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...