Говорот на кучињата: Како ни го покажуваат нивното „те сакам“

Нашите омилени четвороножни пријателчиња ни зборуваат, иако немаат говор. Се разбира,  ние понекогаш сме малку „расеани“ и ги губиме многу важните пораки што ни ги испраќаат, континуирано, во секое време од денот. Особено, постојат неколку начини на кои кучињата ни кажуваат дека нè сакаат. Еве некои од нив што никогаш не треба да ги потценувате.

Ве следи насекаде, па дури и во купатилото

Како и оние што живеат со мали дечиња, и оние што живеат со куче знаат дека одењето во купатило и барање на малку приватност е невозможно. Но нивните намери се добри: тие секогаш сакаат да бидат со вас, толку многу ве сакаат, што едноставно не можат да се оддалечат од вас ни кога се туширате. Тоа е сигурен знак на љубов, која на овој начин ви ја покажуваат.

Очињата на кученцето

Кога очињата на малите кутриња ви изгледаат тажно, кога со погледот гледаат нагоре, а не право во вас, тоа не значи дека се тажни, туку тоа е нивното „те сакам“ кое не знаат поинаку да го кажат.

Кога се наслонува на вашата нога

Без разлика дали сте исправени или седите, кога кучето ќе ја наслони главата на вашата нога, бара од вас галење, гушкање и бакнежи, зашто сака да се чувствува сакано на ист начин како тоа што ве сака вас.

Кога ви носи „подароци“

Тоа може да се вашите чорапи, папучи, патики…, а може и да е неговата омилена играчка. Кога ваквите „подароци“ ви ги „краде“ или ви ги носи, не значи дека само сака да си игра, туку вашето куче бара внимание од вас. Всушност ви кажува дека се чувствува осамено без вашето присуство.

Лудува кога ќе се вратите дома

Тоа е начин кучето да ви каже дека многу сте му недостигале и дека сега е среќно што сте се вратиле дома.

Седнува/легнува до вас кога сте тажни

Кучињата одлично ги чувствуваат нашите емоции. И точно знаат кога сме радосни, а кога сме тажни или повредени. Кога седнуваат до нас кога сме тажни, ќе забележите дека не не допираат, туку само се тука блиску со своето присуство. Во суштина, тоа значи „секогаш сум тука за тебе“.

Спие во вашиот кревет кога не сте дома

Не лутете му се на кучето кое заспало на вашиот кревет или на вашата перница додека не сте дома. На овој начин тие ја чувствуваат вашата миризба и си замислуваат дека сепак тука сте, блиску, не сте ги напуштиле.

Кога ве бакнува

Бакнежот во лице е најдобриот начин да ви кажат „те сакам до бесконечност“.

Кога е до вас после јадење

Кучињата ја бранат храната, но по јадењето ако се прилепат до вас тоа значи дека ова место е безбедно за нив!

x

Check Also

ОУ „Григор Прличев“ од Охрид со поддршка на Халкбанк доби сензорна градина наменета за ученици со попреченост  

Основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид, ја доби првата сензорна градина во ...