Графитите остануваат во мода: Вие имате весници, ние ѕидови!

За графитите, духот на градот и старата школа.

Графити, фото: artunet

Графити, фото: artunet

Историјата на графитите почнува на крајот на 60-те години во Њујорк, кога едно момченце, Хулио, го испишува својот „печат“ Хулио 204 на метроата. Во 70-те години еден нов тинејџер, Таки, исто така во Њујорк, почнува да пишува каде и да стигне – Таки 183. За разлика од својот претходник, бил толку впечатлив што Њујорк тајмс му бара интервју. Не можел ни да наслути дека со тоа започнал една нова форма на култура. Една година подоцна графитите почнаа да се шират низ светот.

„За цел свет ти си само некој, а за мене ти си цел свет“, го читаме овој графит напишан на неугледниот бетонски ѕид додека го чекаме зеленото светло на семафорот. Напишан е со убави кирилични букви, крупни, може да се чита од прозорецот кој за авторот е најважен под небесната капа. Секое утро тие очи ќе се отворат, пред нив ќе се крене ролетната, ќе блесне погледот на градот, и потоа ја гледаат пораката наменета само за нив. И светот повеќе не е ист, а денот веќе добива поинаков призвук и смисла.

О, колку духовитост, шарм, чувствителност, фина дрскост и остра памет е расеана по нашите градови во изминатите децении. Цела една книжевност на ѕидовите!

„Вие имате весници, ние имаме ѕидови“, пишуваше на еден новобелградски ѕид, карши „Југославија“. А во втората половина на 80-те, во бунилото на комунизмот, на Цветниот плоштад не пресретнуваше графитот „Има ли живот пред смртта?“. Во пролетта 1999, се роди прочуената порака на оној кој ја откри Америка „Колумбо, јеботе, и ти мораш секаде да го забиваш носот“. Фрагмент од еден стих од Душко Радовиќ, одамна преточен во графит, е своевидна вакцинација против сите диктатори, стари и нови, наши и светски „…Се додека Гриша еден ден не го избриша со гума“. Афоризмот на В. Ј. Јов стоеше на ѕидот на една стара дорчолска куќа се додека не се урна. „Не е тоа тој камен, му рекоа на Сизиф на врвот“. И афоризмот на Баљак, во близината: „Нив не треба да им се дава храна. Тие се ќе изедат”. А на ѕидот на Чубура реченица на Момо Капор: „Психоанализата е болест која се шири со лечење.”

Сепак, најнеодоливи се графитите на вљубеноста. Под прозорецот на високиот партер, на темносивиот ѕид, со црвени букви: „Во оваа соба престојува доказ дека ангелите не живеат само на небото“. На пример.

Со тага гледаме како ова нежно наследство на културата и духот на градот управува (медиумско-идеолошки и субкултурно) кон приучениот графизам,
безсодржинските шкрабаници, бесмислените а убаво напишани кратенки, малициозните вулгарности, баналности и секакви имиња. Додуша, за тоа одамна е смислен детскиот графит: „Имена луда налазе се свуда.” (Лудите имиња се наоѓаат насекаде).

„Треба да им се помогне на талентираните. Неталентираните бездруго сами ќе се снајдат“.

А кој е вашиот омилен скопски графит?

Б.Матиќ

x

Check Also

Како ја замислувате модата на доцниот 21 век?

Изгледа дека прогресот во модниот свет е побрз од нашите очекувања. Побрз ...