Гранд кафе ги додели првите четири награди од по 50.000 денари

Во тек е големата наградна игра на Гранд Голд и Гранд Арома „Отвори и кеш освој!“  и веќе се доделени првите 50 000 денари на четворица љубители на ова кафе.

Денес во просториите на Гранд кафе им беа врачени чековите на првите среќници. Нивната радост и задоволство беа очигледни и вредни за да се направи една заедничка фотографија која ќе ги овековечи овие љубители на Гранд кафето.

„Чест ни е што денес со нас ги имаме нашите први добитници на парични награди: Сања Ѓушева Ангелески од Скопје,  Љубица Ташковска од Скопје, Ивица Манов од Кочани и Лорета Манчева од Струмица. Добитните пакувања на Гранд Голд или Гранд Арома кафе им донесоа по 50 000 денари. Но, ова е само почеток на нашата наградна игра, продолжуваме понатаму да ги радуваме нашите ценети потрошувачи“,  изјавија од Гранд кафе.

 

 

Добитниците имаа можност да ги разгледаат производствените линии на нивното омилено кафе и не само да уживаат во неговата арома туку и лично да се убедат во високите стандарди по кои тоа се произведува и пакува. Вработените во Гранд кафе со задоволство ги прошетаа низ ова магично и ароматично место споделувајќи со нив пријатен и топол разговор.

Во наградната игра која ќе трае до 31 јануари 2018 година Гранд кафе ќе израдува3033 корисници со вредни парични и трговски награди, а тројца најсреќни љубители на Гранд кафето ќе освојат дури пола милион денари.

Повеќе инфомрации околу извлекувањата и добитниците можете да добиете на Фејсбук страницата https://www.facebook.com/grandkafa/

 

Затоа побрзајте и внимателно отворајте ги ќесичките на Гранд Голд и Гранд Арома бидејќи можеби токму вие сте среќниот добитник.

 

x

Check Also

Започна продажбата на HUAWEI MateBook 14s на македонскиот пазар

Потрошувачите кои ќе го купат уредот до 31 јануари 2022 година добиваат ...