Грав со тиква и пилешко

Совршена за студените денови – со тиква може да ги подготвиме нашите најомилени јадења и при тоа да им додадеме нова превкусна нота.

Потребни намирници – грав (од конзерва), тиква, пилешки гради, пиво, лук, сол и црн пипер.

Подготовка

На маслиново масло во тавче на тивок оган ставете исечкан лук, додадете ги исечканите пилешки гради (на ситни коцки) и пропржете ги додека заруменат. Додадете 200 мл пиво, потоа додадете го гравот од конзерва и исечканата тиква на коцки, посолете и зачинете со црн пипер. Гответе додека тиквата и гравот станат меки, а доколку е потребно додадете малку вода.

x

Check Also

Здрава храна: Протеински колачиња од путер од кикиритки

Слатко задоволство за љубителите на путерот од кикиритки и секако, на здравата ...