Многу гласини се врзуваа за името на моделот Грејс Елизабет и за нејзиното именување на ангел во редовите на манекенките од Викторија сикрет. Конечно, од модната марка за долна облека, го дадоа одговорот – Грејс Елизабет е нов ангел на Викторија сикрет. Американската убавица е најновиот ангел на Викторија сикрет, откако неодамна за ангели беа именувани моделите Леоми Андерсон, Барбара Палвин и Алексина Грем. Првпат на модната писта на Викторија сикрет, Грејс настапи во 2016 година и беше „розов“ амбасадор на оваа марка три години.