На најголемиот музички настан доминираа екстравагантните модни изгледи, а Џенифер Лопез секако беше ѕвезда на црвениот тепих.
Мајка на две деца, Лопез ја покажа својата топ форма и фигура на 10ти февруари, на црвениот тепих на Греми наградите.
Модниот избор беше тесен макси бел фустан украсен со дијамнатен гердан и дијамантни детали на деколтето во комбинација со предимензиониран шешир во истата нијанса, и подеднакво украсен со дијаманти.
Шминката е дискретна, карминот е во сјајна nude нијанса, а косата е собрана во долго „опавче“.
Не помалку впечатлив беше и нејзиниот перформанс на Греми бината, кога пејачката се појави во друштво со танчери, облечена во светкав, сребрен секси костум.