Grouper го најавува најголемиот Black Friday до сега, а попустите веќе започнаа

Се наближува најголемиот светски шопинг празник BLACK FRIDAY (23.11.2018), кој веќе прераснува во традиција и на нашиот пазар, а со неговото доаѓање расте и возбудата околу шопинг лудилото со екстремни попусти од голем избор на брендови.

Од Grouper.mk, водечкиот сајт за групни попусти и воедно лидер во е-трговија, веќе го најавија, како што велат за нив највобудливиот ден од годината, за кој ветуваат избор од над 1000 зделки со ултра ниски цени и луди попусти до 90%, со ограничено времетраење и количини – “Black Friday го сметаме за наш патронат и ден кога ги рушиме рекордите во продажби и посетеност. Минатата година само за 24h беа продадени над 12.000 купони, а посетите достигнаа над 130.000 во петокот. Енергијата во нашите канцеларии на овој ден е неопислива, а веќе два месеци интензивно рабоиме на оваа кампања за да понудиме уште повеќе и уште подобро за сите наши корисници и соработници ” – велат од Grouper.

Оваа година купувачката манија на Grouper започнa уште оваа недела заедно со Black Friday WARM UP зделките кои нудат неодоливи попусти кај неколку познати брендови. Од денес може да си бирате ексклузивни часовници на попуст во Божиновски часовници и накит, модерен пар есенски чевли во Adam’s Shoes со 50% попуст, или пак да си креирате персонализирани во Dias. Во текот на наредните денови очекувајте ги најголемите попусти на спортска опрема во Sport M, премиум попуст на дизајнерски очила во Dioptra и гратис гориво за регистрирано возило од Петрол Оил.

За да биде приказната околу празникот на попустите уште поинтересна, Grouper тимот креираше Black Friday машина за подароци, каде секој може да врти и да добие некој од 500 те подароци, меѓу кои: 100 искуства и производи, 390 кобрендирани подароци и 10 патувања. Кампањата е поддржана од Mastercard па со секое купување на Grouper зделка ви доделуваат вртење за поголема шанса, а исто така и со поканување на пријателите може да добиете уште вртења. Но во секој случај првото вртење е ГРАТС за сите корисници, па не заборавајте да ја свртите рачката и да си ја пробате среќата.

x

Check Also

Анастасија Ј. Гапиќ: Трендовска плус-сајз колекција за есен-зима за жени со самодоверба

За трендот оваа сезона есен-зима за дамите со облини, како и потребата ...