Групер најавува 5 златни зделки

 

Пред 5 години за прв пат на македонскиот пазар се појавија најголемите попусти преку непобедливите зделки кои ги воведе првиот Македонски сајт за групни попусти, лидерот во е-трговија, Grouper.mk. Оние кои ги следат, сигурно ги знаат уникатните начини на одбележување на нивните родендени изминативе 4 години. Оваа година забавата е онлајн под името „5 Златни зделки на Кралот на попустите”. Најавата за 5-тиот роденден, тимот ја пренесува со креативен препев на една добро позната македонска песна.

 

Еве како од Grouper ја дефинираат златната зделка:

Златна зделка е зделка на која никој нема да може да и одолее и веднаш ќе сака да ја има. Ќе ја сподели со пријателите и ќе ја ужива со стил. Златната зделка исполнува желба, потреба или барање. Златната зделка може да е најпродаваната и најбараната зделка што некогаш била објавена или нешто комплетно ново кое претходно не било понудено.

Пред неколку дена беше пуштена првата златна зделка (Златна зделка #1) која го претстави најголемиот попуст на спортска опрема понуден некогаш и го сруши рекордот на најпродаваната Grouper зделка со 4000 продадени купони за само неколку дена.

grouper 99

Со над 400.000 продадени купони, Grouper заедницата веќе брои над 100.000 корисници кои секојдневно ги уживаат одличните зделки кога сакаат да посетат нов ресторан, да се рекласираат, да си организираат патување, да купат подарок за блиските, да закажат здравствен преглед или едноставно кога бараат совршен изговор да пробаат нешто ново.

Инфографикот подолу ги прикажува успесите на Grouper на Македонскиот пазар во изминатите 5 години кој  е уште еден доказ  за нивната транспаретност и посветеност на Македонскиот пазар.

Grouper_Infografik_5godini_600px

Со бројни награди и признанија (Најдобар сајт за е-трговија во 2013 и 2014, Најдобар мобилен сајт за 2014 и 2015, II место за најдобар сајт во 2015), поставени рекорди во е-трговијата, соверемена мобилна апликација, квалитетна грижа за корисници и многу повеќе, Grouper претставуа пример за успешно водење на онлајн компанија.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...